Спирлитово или Испирлик (, Плајари; до 1926 г. Ίσπερλικ, ИсперликΜετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Ίσπερλικ -- Πλαγιάρι) — село во Ениџевардарско, Егејска Македонија, денес во општината Постол на истоимениот округ во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 316 жители (2021). Сè до 1920-тите било населено исклучиво со Турци.
Географија Селото е сместено во Солунското Поле, во јужното подножје на планината Пајак, 12 км северозападно од градот Пазар (Ениџе Вардар).
Историја Во Отоманското Царство Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Спирлитово броело 600 жители, сите Турци.
Во 1905 година, според Крсте Петков Мисирков, село Спрлитово било турско со 120 куќи.
Според српскиот географ Боривое Милоевиќ, во периодот пред Балканските војни селото се состоело од 93 турски куќи.
Во Грција По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата 1913 г. селото броело 595 жители, кои во 1920 г. се салиле на 501 лице. Во 1920-тите населението е иселено во Турција по сила на Лозанскиот договор, а на негово место се доведени грчки колонисти од Источна Тракија, и тоа од Болаир (Плајари), како и некои од Мидија и Оргаз. Во селото дополнително се доселиле и Власи од кожанското село Влашка Блаца и соседната Голема Ливада. Во 1926 г. селото е преименувано во Плајари, по старото село на мнозината дојденци.Спирлитово на порталот на поранешната Општина Кир Според пописот од 1928 г. Спирлитово било чисто дојденско село со 213 лица (82 семејства).
Во 1940 г. Спирлитово имало 465 лица кои по војните почнале да се намалуваат, што трае до денес.
Цркви „Рождество на пресв. Богородица“
Население
Стопанство Бидејќи е полупланинско, селото е релативно сиромашно. Се одгледуваат жито, пченка, памук, сончоглед и тутун. Делумно е застапено и сточарството.
Поврзано Пајак (планина) Солунско Поле
Наводи
Категорија:Постол Категорија:Пајак (планина)