Денис Леми Закарија Лако Ладо (роден на 20 ноември 1996 година, во Женева) — швајцарски фудбалер, на и на швајцарската репрезентација.
Биографија Закарија е роден во Женева од татко конгоанец (роден во тогашен Заир) и мајка од Јужен Судан.
Технички карактеристики Играч од средниот ред, кои може да се користи како мецала или како плејмејкер и може да игра во среден ред и со 2 и со 3 играчи. Споредуван со Патрик Виера и Пол Погба, се одликува со одличен атлетизам, брзина, динамика, и физичка сила, добар во градењето на играта, во фазата на вршење пресинг, и во враќање на поседот на топката. Во својата кариера, тој играл и во улогата на централен дефанзивец, но и како напаѓач.
Клупска кариера Почетоци, Сервет и Јанг Бојс Откако израснал како фудбалер во младинските категории на Сервет, тој го направи своето деби за првиот тим на 10 ноември 2014 година против Лозана. На 18 мај 2015 година, тој го постигнал својот прв гол во професионалната кариера против Волен. И покрај тоа што бил млад (на само 18 години), и имал улога од втор ред, сепак успеал да забележи 6 настапи и 2 гола за екипата од Женева.
На 26 јуни 2015 година, тој се преселил во Јанг Бојс. Своето деби за новиот клуб го имал во првото коло од швајцарското првенството, влегувајќи како замена во ремито 1-1 против Цирих. На 28 јули, тој го направил своето деби во Лигата на шампионите во поразот со 3-1 од Монако, во натпревар од квалификациите. На 28 ноември го постигнал својот прв гол за клубот од Берн во натпреварот против Санкт Гален. Во својата прва сезона во Јанг Бојс забележал 27 првенствени настапи и 1 гол, по што бил прогласен за дебитант на годината.
Втората сезона веќе се етаблирал меѓу хиерархиите на клубот, успеал да собере 23 настапи и еден гол, но во текот на сезоната пропуштил неколку натпревари поради повреди.
Борусија Менхенгладбах На 6 јуни 2017 година, Закарија потпишал договор со . Своето деби за германскиот клуб го имал на 11 август во Купот на Германија против Рот-Вајс Есен; додека само неколку дена подоцна го имал своето деби во Бундеслигата против Келн. Својот прв гол за Гладбах го постигнал во неговиот втор првенствен настап против . Во текот на првата сезона со Борусија Менхенгладбах, тој успеал да собере 30 настапи и 2 гола, најчесто играјќи во пар со Кристоф Крамер на средината од теренот.
Следната сезона, некои тактички промени направени од страна на тренерот Дитер Хекинг, довеле до негативни резултати за амбициите на Закарија, кој најчесто останувал на клупата. Сепак во вториот дел од сезоната успева да си го врати местото како стартер во тимот. Сезоната ја завршил со 4 постигнати гола во првенството што бил негов личен рекорд.
Во сезоната 2019-2020, со доаѓањето на клупата на Марко Розе тој го потврдил своето место како стартер, играјќи постојано во стартната постава во текот на сезоната. Сепак, на 7 март 2020, во натпреварот на домашен терен против Борусија Дортмунд (загубен со 1-2), тој заработил тешка повреда на коленото поради која морал да оди на операција и да ја заврши сезоната предвреме. Поради истата повреда, тој ги пропуштил и првите осум натпревари на својата екипа на стартот од следната сезона 2020-2021. Своето враќање на терените после повеќе од осум месеци отсуство го направил на 21 ноември 2020, во натпреварот против Аугсбург (1-1), влегувајќи како замена во 89-тата минута на местото на Флоријан Нојхаус.
На 27 октомври 2021, Закарија го одиграл целиот натпревар за својот тим во незаборавната победа со 5-0 на Борусија над великанот на германскиот фудбал Бајерн Минхен во Купот на Германија. Во декември истата година, било потврдено дека Закарија нема да го продолжи договорот со Борусија и, следствено, ќе го напушти клубот на крајот на сезоната 2021-2022.
Закарија ја напушил Борусија Менхенгладбах во последниот ден од јануарскиот трансферен прозорец на 2022 година, после 146 настапи за клубот и 11 постигнати голови.
Јувентус На 31 јануари 2022 година, Закарија се преселил во за износ од 8,6 милиони евра. На 6 февруари, го направил своето деби во црно-белиот дрес во натпреварот против Верона на домашен терен постигнувајќи притоа и гол, со кој го поставил конечниот резултат во натпреварот 2-0 за Јуве. На 22 февруари, го забележал својот прв настап во Лигата на шампионите како фудбалер на Јувентус, влегувајќи како замена во последните 10-тина минути од првиот осминафинален натпревар против Виљареал (1-1) на местото на повредениот Вестон Мекени. Четири дена подоцна, во натпреварот против Емполи тој заработил повреда од низок степен на долгиот адукторен мускул на левата бутина поради што морал да паузира околу 20-тина дена. На терените се вратил на 3 април, влегувајќи како замена на местото на Мануел Локатели во Дербито на Италија против , кое неговата екипа го загубила со 0-1. На 11 мај против истиот противник, го започнал финалето на Купот на Италија, во кое бјанконерите и покрај водството од 2-1 на крајот биле поразени со 4-2 по продолженија.
Челси На 1 септември 2022, Закарија му се приклучил на на заем до крајот на сезоната 2022-2023. Вкупно за Челси одиграл 11 натпревари, постигнувајќи еден погодок во победата со 2-1 над во Лигата на шампионите. Во јули 2023, тој се вратил во Јувентус откако Челси одлучил да не го откупи.
Репрезентативна кариера Откако играл за селекциите на Швајцарија под 19 и под 21 година, бил повикан да игра за сениорската репрезентација на Европското првенство 2016 во Франција, каде не одиграл ниту еден натпревар. Откако одиграл седум натпревари во квалификациите, Закарија бил повикан за Светското првенство 2018 во Русија. На оваа манифестација тој забележал два настапи, појавувајќи се како замена и во двата натпревари од групната фаза кој ги одиграл.
На 8 септември 2018 година, тој го постигнал својот прв репрезентативен гол во победата со 6-0 против во УЕФА Лигата на нации. На 23 март 2019, во натпреварот против во квалификациите за Европското првенство 2020, тој повторно постигнал гол за швајцарската репрезентација. Потоа бил повикан за Европското првенство 2020, одржано во 2021 година, наместо во 2020 поради пандемијата од КОВИД-19. Тој најчесто бил резерва на турнирот поради присуството во стартната постава на Гранит Џака и Ремо Фројлер во неговата улога, но откако се нашол во стартната постава во натпреварот од четвртфиналето против поради суспензијата на Џака, тој бил автор на автогол, што бил јубилеен, десети автогол на турнирот, со што воедно бил и соборен рекордот на натпреварувањето, со оглед на тоа дека на Евро 2020 биле постигнати повеќе автоголови отколку на сите претходни изданија на турнирот заедно. Швајцарија го загубила четвртфиналето по изведување пенали, откако по регуларното време и продолженијата натпреварот завршил нерешено 1-1.
Хронологија на репрезентативните настапи
Статистика Клупска статистика Статистиката е ажурирана на 4 февруари 2022.
Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол 2014-2015 ЧЛ 6 2 КШ - - - - - - - - 6 2 2015-2016 Јанг Бојс СЛ 27 1 КШ 3 0 ЛШ+ЛЕ 1Во квалификациските кола.+2 0 - - - 33 1 2016-2017 СЛ 23 1 КШ 4 0 ЛШ+ЛЕ 2+5 0 - - - 34 1Вкупно Јанг Бојс 50 2 7 0 10 0 - - 67 22017-2018 1Б 30 2 КГ 3 0 - - - - - - 33 22018-2019 1Б 31 4 КГ 1 0 - - - - - - 32 42019-2020 1Б 23 2 КГ 2 0 ЛЕ 6 0 - - - 31 22020-2021 1Б 25 1 КГ 2 0 ЛЕ 5 0 - - - 32 12021-јан. 2022 1Б 16 2 КГ 2 0 - - - - - - 18 2Вкупно Борусија Менхенгладбах 125 11 10 0 11 0 - - 146 11 јан.-јун. 2022 А 9 1 КИ 3 0 ЛШ 1 0 СИ - - 13 1Вкупно во кариерата 190 16 20 0 22 0 0 0 232 16
Репрезентативна статистика РепрезентацијаГодинаНастГолови20163020176020189120191022020002021120Вкупно403
Наводи
Надворешни врски
Денис Закарија на soccerway Денис Закарија на transfermarkt Денис Закарија на whoscored Денис Закарија на espn
Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1996 година Категорија:Швајцарски фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Јанг Бојс Категорија:Фудбалери на ФК Борусија Менхенгладбах Категорија:Фудбалери на ФК Јувентус Категорија:Фудбалери на ФК Челзи Категорија:Фудбалери на ФК Монако Категорија:Фудбалери на Светско првенство 2026