Париз-Рубе 2020 — предвидено 118. издание на велосипедската еднодневна трка Париз-Рубе, која требало да се одржи на 12 април 2020 година како 23. настан во Светската турнеја, но била одложена за 25 октомври 2020 година поради пандемијата на КОВИД-19. Меѓутоа, на 9 октомври 2020 година, трката била откажана поради зголемениот број на случаи на КОВИД-19 во Франција.

Екипи

Бидејќи Париз-Рубе е настан од Светската турнеја, сите деветаесет UCI World Tour екипи биле автоматски поканети и се обврзани да учествуваат на трката. Шест професионални континентални екипи биле дополнително поканети, со што била заокружена главната група од 25 екипи.

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Париз-Рубе Категорија:Светска турнеја на UCI 2020 Категорија:Франција во 2020 година