мини|десно|250п|Сергеј Есенин
Сергеј Александрович Есенин (руски: Сергей Александрович Есенин; - ) — руски и советски поет.
Детство Сергеј Александрович Есенин, е роден на 3 октомври (21 септември по стар стил) 1895 година во селото Константиново, Кузминската општина, Рјазањска губернија, во сиромашно семејство, како трето дете на Александар Никитич (1873-1931) и Татјана Фјодоровна (1875-1955). Есенин имал две сестри: поголемата Екатерина Александровна и помалата Александра Александровна. Кога имал само две години, неговите родители се разделиле, така што воспитувањето на малиот Сергеј го презел дедо му Фјодор Андреевич Титов, во чија куќа ги поминал годините на детството и раната младост. Од тоа време, тој ги запаметил неговите вујковци, немирни беќари, како и баба му, чија љубов немала граници.Србо Ивановски, „Поговор“, во: Сегеј Есенин, Песни. Скопје: Македонска книга, Мисла и Култура, 1988, стр. 67. Сергеј бил немирено и палаво момче, но бистро и снаодливо. Наспроти неговиот темперамент, дедо му го воспитувал патријархално, низ традициите на руското село, христијанските обичаи и народните легенди и преданија.
Сергеј учел во Спас-Клепиковската црковно-учителска школа, која ја завршил во 1912 година. Од најраната младост на Сергеј, значајно е да се одбележи неговата голема љубов во Ана Алексеевна Сарандовска (1895-1922).Sergej Jesenjin, Celokupna dela, knjiga 1, Lirika (1910-1916), šesto izdanje. Beograd, RAD, 1980, стр.200.
Преселба во Москва Во 1912 година, Есенин решил да ја напушти провинцијата и заминал во Москва, следејќи ги своите „соништа за богатството и славата“, со намера да го продолжи школувањето во Педагошкиот институт.Србо Ивановски, „Поговор“, во: Сегеј Есенин, Песни. Скопје: Македонска книга, Мисла и Култура, 1988, стр. 67. Се надевал дека ќе биде потпомогнат од татко му, кој во тоа време работел како месарски помошник. Сергеј добил писарска работа во администрацијата на истата фирма, но набргу бил избркан затоа што не сакал да станува кога доаѓала сопственичката на фирмата, како што станувале сите други вработени.
Во тоа време, Есенин дошол во контакт со книжевно-музичкиот кружок „Суриков“, кој се грижел за надарените почетници во уметноста и литературата, а кои потекнувале од селанството или работничката класа. Со нивна помош, успеал да најде работа како помошник лектор и писар во една печатница. Истовремено, влегол во синдикалните работнички организации и бил меѓу најактивните членови, учествувајќи во штрајковите во текот на 1912 година.
Во 1914 година, Есенин се запишал како вонреден студент на Московскиот државен универзитет „Шањавски“, каде што студирал една година, запознавајќи се со делата на класиците на руската книжевност и големите поети на Русија. Но, кога започнала Првата светска војна, приликите во Москва станале неподносливи, а условите за живот - исклучително тешки. Затоа, Есенин решил да се врати во родното село.
мини|лево|250п|Сергеј Есенин со луле
Патување во Петроград, поетска афирмација и воодушевеност од револуцијата Во март 1915 година, Есенин заминал во Петроград. Таму, тој се приклучил на кружокот на „поетите на селото“, кои всушност не биле поети, туку пејачи, кои на звуците на гитарата и хармониката ги рецитирале своите песни, во друштвата собирани по кафеаните и рестораните на Петроград. Неговата бела рубашка, со црвена врвка наместо појас и селските чизми, сините очи и густата сина кадрава коса, стамената појава и црвените образи веднаш го привлекле вниманието на околината. Истовремено, Есенин бил воведен во литературните кругови, каде што му оставил впечаток на Максим Горки. За својата прва средба со Есенин, Горки пишува: „Есенин ми остави не многу силен впечаток на скромно и по малку збунето момче, кое што самото чувствува дека не му е местото во огромниот Петроград. Подоцна, кога читав неговите полетни, изразителни, извонредно чувствителни стихови, не можев да поверувам дека ги имаше пишувано истото она во шарена облека стокмено момче...“Србо Ивановски, „Поговор“, во: Сегеј Есенин, Песни. Скопје: Македонска книга, Мисла и Култура, 1988, стр. 67-68. Городецки, еден од водачите на новите селски поети, сведочи дека доаѓањето на Есенин во Сурковскиот клуб било вистинско чудо: „Ги пееше своите пеесни на хармоника и тоа изгледаше многу силно и многу звучно.“Србо Ивановски, „Поговор“, во: Сегеј Есенин, Песни. Скопје: Македонска книга, Мисла и Култура, 1988, стр. 68. Покрај тоа, Есенин стапил во контакт со симболистите, а особено бил прифатен од Александар Блок и Андреј Бели. Така, сочувана е една белешка дека по враќањето во Петроград од фронтот, Есенин најпрвин му се обратил на Блок, замолувајќи го за кус разговор. На белешката е сочувано мислењето на Блок кој во неколку реченици многу пофално ги оценил стиховите на Есенин. Од друга страна, футуристот Мајаковски го опишал Есенин како „селанче во опинци, во народна кошула со некакви везови на половината“ слични на крстиња. Есенин, пак, бил свесен дека патот до поетската слава е тежок за што сведочат следниве негови зборови до Мариенгоф: „Овде, брате, мора итро да се постапи. Нека ги, нека мислат, секој нека си смета: јас го воведов во руската литература. Ним им е пријатно, а мене ми е сеедно.“
Кога избувнала Првата светска војна, Есенин бил регрутиран и, во текот на 1916 година, кратко време поминал во армијата, но со помош на еден пријател успеал да издејствува да не биде пратен на фронтот.
Есенин ја прифатил Октомвриската револуција на својот религиозен и селски начин: стапил во контакт со револуционерите и верувал во среќата и придобивките кои таа ги ветувала. Всушност, под влијание на револуционерниот занос, веќе во 1917 година, Есенин започнал да пишува песни со револуционерна содржина.Sergej Jesenjin, Celokupna dela, knjiga 2, Lirika (1917-1923), šesto izdanje. Beograd, RAD, 1980, стр. 145. Воодушевен од Револуцијата, во 1918 година се преселил од Петроград во Москва. За неговото воодушевување од Револуцијата зборува и фактот дека книгите објавени во 1918 година ги отпечатил со датата „втора година на првито век“.Србо Ивановски, „Поговор“, во: Сегеј Есенин, Песни. Скопје: Македонска книга, Мисла и Култура, 1988, стр. 69.
Враќање во Москва, поетска слава и разочарување од револуцијата Во Москва, Есенин живеел боемски живот и најчесто го гледале во кафето „Питореск“ на Кузњецкиот Мост или во малите чајџилници и мензи околу Никитската улица, собиралиште на писателите, сликарите и другите уметници со најразлични квалитети. Околу 1919-1920 година, Есенин се запознал со Анатолиј Мариенгоф, Рјурик Ивњев, А. Кусиков и Шершењевич кои го оформиле кружокот на имажинистите, а во февруари 1919 година бил објавен Манифестот на имажинистите. Во овој период, Есенин и другарите, не само што пишувале поезија, туку им говореле на минувачите по улиците и организирале седенки и беседи во кафетериите. Имажинистите биле многу активни во јавното пропагирање на своите идеи, а Есенин и Мариенгоф правеле бројни скандали со цел да го свртат вниманието на културната јавност. Од ова време се познати и честите отворени судири меѓу имажинистите и футуристите. Во овие дејствија, особено се истакнувал Есенин, и тоа поради својот буен темперамент и скандалозното однесување. Поради проблемите со новата комунистичка власт, тие започнале да организираат собири на невозможни места, во темни подруми и зачмаени биртии, каде „и мастилото се заледувало“ и дискутирале околу најновите уметнички и политички случувања, а неретко се случувало на извесни периоди да морале да ја напуштат Москва поради својата лична безбедност. По малку незадоволен од резултатите остварени во ова делување, Есенин самиот се прогласил за „последен поет на селото“. Во 1921 година, Есенин ги напуштил имажинистите, а тој раскин бил многу бучен, зашто Есенин ги обвинил дотогашните другари дека робуваат на многу заблуди, дека немаат љубов кон татковината и дека уметноста не е доволна самата на себеси.Србо Ивановски, „Поговор“, во: Сегеј Есенин, Песни. Скопје: Македонска книга, Мисла и Култура, 1988, стр. 70.
Во почетокот на 1919 година, Есенин напишал молба за прием во комунистичката партија. Меѓутоа, во 1920 година, откако неговата песна "Небесниот барабанџија" не му била прифатена за објавување во "Правда", тој ја напуштил идејата за зачленување во партијата.Sergej Jesenjin, Celokupna dela, knjiga 2, Lirika (1917-1923), šesto izdanje. Beograd, RAD, 1980, стр. 154-155. Набрзо, Есенин се разочарал од целокупната состојба настаната по Револуцијата, бидејќи бедата и општиот глад во која западнала Русија во зимата 1918/1919 година, тој ги доживеал и како лична катастрофа. Исто така, тој бил тешко погоден од пропаѓањето на традиционалниот селски живот и незапирливиот процес на индустријализација. На пример, во „Роман без лаги“, Мариенгоф забележал една случка од 1920 година, која се случил на едно од патувањата на Кавказ, на железничката линија од Кислодовск до Баку:
„Низ степата, напоредно со нашиот воз, трчаше до лудило исплашен од локомотивата, вранец-ждребец. Глетката беше многу емотивна. Викајќи од петни жили, мавтајќи со рацете и климајќи со својата разбушавена сина глава, Есенин го бодреше вранецот да издржи. Челичниот и живиот коњ трчаа напоредно два километри, а потоа четвороножецот почна да заостанува и ние го изгубивме од видот, а Есенин беше надвор од себе...“
Есенин никогаш не успеал да се ослободи од спомените на идиличниот селски живот, ниту пак да го прифати новото време. Како последица на тоа, често патувал, а деновите ги поминувал по кафеаните, во друштво со жени, постојано опивајќи се и правејќи скандали. Оттука, поетот Демјан Бедни (псевдоним за Ј.А. Придворов, 1883-1945) во весниците остро го осудил таквиот живот на Есенин.Sergej Jesenjin, Celokupna dela, knjiga 3, Lirika (1924-1925), šesto izdanje. Beograd, RAD, 1980, стр. 172. За тоа пишувал и Иљја Еренбург во своите мемоари:
„Есенин постојано беше опкружен со сателити. Најтажната работа од сето тоа беше да видите, веднаш до Есенин, случајна група луѓе кои немаат ништо заедничко со литературата, но едноставно сакаат да ја испијат туѓата вотка, да уживаат во туѓата слава и да се кријат врз туѓиот авторитет. Но, не исчезнуваше тој од ова јато, туку самиот ги влечеше кон себе. Знаеше дека не вредат ништо, но во состојбата во која се наоѓаше, беше наполно свесен дека е многу полесно да биде со некого, макар и со луѓе што ги презира, само да не биде сам.“
Како последица на разочарувањето и осаменоста, во текот на 1920-тите Есенин често патувал. Така, во април - мај 1921 година, заминал на патување низ Средна Азија;Sergej Jesenjin, Celokupna dela, knjiga 2, Lirika (1917-1923), šesto izdanje. Beograd, RAD, 1980, стр. 157.Sergej Jesenjin, Celokupna dela, knjiga 3, Lirika (1924-1925), šesto izdanje. Beograd, RAD, 1980, стр. 176. во мај 1922 престојувал во Берлин,Sergej Jesenjin, Celokupna dela, knjiga 2, Lirika (1917-1923), šesto izdanje. Beograd, RAD, 1980, стр. 158. а истата година отпатувал и за Италија; пролетта 1923 бил во Њујорк, а во април, оттаму заминал во Берлин;Sergej Jesenjin, Celokupna dela, knjiga 3, Lirika (1924-1925), šesto izdanje. Beograd, RAD, 1980, стр. 185. во август 1923 година конечно се вратил во Русија, но само за кратко, бидејќи во текот на октомври-ноември 1923 година престојувал во Париз, заедно со Изадора Данкан.Sergej Jesenjin, Celokupna dela, knjiga 2, Lirika (1917-1923), šesto izdanje. Beograd, RAD, 1980, стр. 160. Во 1924 година, Есенин бил задржан во болницата во Кремљ каде што му била извршена операција на раката.Sergej Jesenjin, Celokupna dela, knjiga 3, Lirika (1924-1925), šesto izdanje. Beograd, RAD, 1980, стр. 170.
Во 1925 година, по една случајна средба со Есенин, Мајаковски ја опишал неговата состојба на следниов начин: