Куќа на Патчеви — стара куќа во градот Охрид прогласена за значајно културно наследство на Македонија.
Архитектура Куќата е сместена на улица „Цар Самоил“ бр. 60. Му припаѓала на семејството Патчеви, чиј наијстакнат претставник е револуционерот Методи Патчев. Изградена е во средината на XIX век, најверојатно во исто истиот период како Куќата на Робевци, со која дели заеднички ѕид на запад. Другите три страни се слободни и имаат развиени фасади — јужната кон улицата е најпретставителна, источната кон сокакот е делумно обработена на спојот со јужната фасада, а северната гледа кон дворот. Дворот е тесен и долг, до вертикалното карпесто издигнување каде се наоѓа помошен објект со бања и летна кујна со огниште. Во првата половина на XX век е направена реконструкција, при што се скусени еркерните греди на предната фасада и таа е повлечена наназад. Куќата првично била предвидена за една семејство, а потоа е разделена на два дела со посебни влезови и скалишта за катовите. Подоцна одново е споена во едно. Приземјето од камен, со еден дел од него вкопан во теренот. Има два влеза. Скалиштето нагоре е отстарнето и така тоа е изолирано од просториите за живеење. Катовете, како и меѓукатната конструкција, се од бондрук со дрвени греди. Скалиштата исто така се дрвени. Покривот е дрвен, со ќерамидни каналици. Фасадата е типична за охридската градска архитектура — бело обоена со еркерно издадени катови и богато профилирани венци. Еркерите и челата од венците се опшиени со даски, прозорците се карактеристични, со вертикално поместување и дрвени опшиви.
Галерија
Поврзано Куќа на Робевци Културно наследство на Македонија во Општина Охрид
Наводи
Надворешни врски
Патчеви Патчеви