Стреланите шестмина од Д’мбени ― масакр извршен врз македонски борци од страна на италијанскиот окупатор во Кардица, Тесалија, Грција, на 26 декември 1942 година.

Хронологија на настаните Во 1941 година кога се приклучила на страната на германско-италијанските окупатори, владата на Грција ја напуштила земјата и се засолнала во Англија и други места, додека народот се кренал против окупаторот под борбеното знаме на Комунистичката партија на Грција.

Македонскиот народ заедно со грчкиот народ се активирале во борбата и жртвувале многу животи за ослободување на својата земја. Едно од македонските села кое многу придонело во борбата за ослободување било селото Д'мбени - Костурско. Народот што живеел таму, добро школуван во патриотски и револуционерен дух, од првите денови на окупацијата почнал да се подготвува за национална борба. Штом се вратиle од албанскиот фронт, младите од Д'мбени, одговарајќи на повикот на Партијата за организирање на национална борба, веднаш почнале да го собираат оружјето што било оставено по грчко-италијанската војна. За кратко време тие собрале голем број оружје. Оваа активност бла забележана од страна на италијанските окупаторски сили. Специјален италијански истражен баталјон пристигнал во Д'мбени и создал терор во селото, мачејќи ги луѓето. Уапсени биле 20 лица, од кои повеќето млади, членови на ОКНЕ (Организација на комунистичката младина на Грција) и КПГ.

Смртна казна и погубување Според едни извори, стрелањето било извршено на 26 декември, 1942 година. Додека според описот на К.Влахов, кој бил еден од уапсените млади, погубувањата се случила на почетокот на 1943 година. Тој ја опишал погибијата на шестемина Дмбенци на овој начин: .

Наводи

Категорија:Луѓе од Д’мбени Категорија:Македонски борци Категорија:Учесници во НОБ Категорија:Починати во 1942 година