Зграда на Агенцијата за катастар — административна зграда во градот Прилеп, прогласена за значајно културно наследство на Македонија.

Историја Зградата е сместена на улицата „Александар Македонски“ бр. 147 и 149. Се состои од две функционално поврзани градби изградени во текот на првата половина на XX век како одделни куќи. Изградени се во различно време од различни градители.

Архитектура мини|лево|Куќата на бр. 147 Куќите се типични претставници на архитектурата од почетокот на XX век и се изградени во неокласичен стил со елементи на необарок. Особено се истакнуваат југоисточните фасади. Куќата на запад (бр. 149) се состои од приземје и кат, има квадратна основа и е симетрично решена. Градбата е масивна со ѕидови од полни тули на камено цокле со прозорци. Меѓукатната конструкција е од армиран бетон, а покривната е дрвена со ќерамиди. Приземјето има средишно поставен влез и е издигнато на четири скалила. Станбените простории се распоредени околу седишно сместен салон, на чиј северен крај има скалиште. Предната фасада е богато украсена, особено околу прозорците, кои имаат пиластри обработени со канелури и архитравна завршница.

Источната куќа (бр. 147) е изградена подоцна. Има квадратна основа со симетрично решена основа и предна фасада. Се состои исто така од приземје и кат. Изградена е од полна тула врз камено цокле. Југоисточната фасада е богато украсена слично како соседната куќа. Има раскошни необарокни приодни скали од бел мермер, кои водат до затворен трем со богато украсена врата и два тесни прозорци од страните. Влезот е средишно сместен, а нивото на приземјето е подигнато на пет склаила. Во внатрешноста има средишно поставен салон. Меѓукатната конструкција е од армиран бетон, а покривната е дрвена со ќерамиди. Подоцна е додадена хоризонтална врска со западната куќа.

Поврзано Културно наследство на Македонија во Општина Прилеп

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Куќи во Прилеп