Костадинци — археолошко наоѓалиште кај радовишкото село Конче, Општина Конче. Претставува населба од доцноантичкото време.

На простор од 200 x 100 м, што се нао|а на околу 5 км североисточно од селото, има множество фрагменти од керамички садови, питоси, имбрекси и градежен материјал. Најверојатно на населбата и припаѓаат и могилите од локалитетот Денчина Чука. Според селската легенда, се работи за остатоци од старото село Конче, подигнато од цар Константин, напуштено поради чума.

Поврзано

Список на археолошки наоѓалишта во Радовишко

Наводи