Зграда на Музејот на македонската борба — музејска зграда во Скопје, прогласена за културно наследство на Македонија

Опис Во зградата е вдомен Музејот на македонската борба и се наоѓа на улица „11-ти Март“ бр. 1, на левиот брег на реката Вардар, меѓу Македонскиот народен театар и Камениот мост. Изградена е во периодот од 2008 до 2011 година како дел од поширокиот проект „Скопје 2014“. Архитект е Зоран Јордановски. Се состои од сутерен, приземје и два ката, со вкупна површина од околу 6.500 м2. Во подрумот има складишта; на приземјето е влезната сала и големата окнференциска сала, на првиот кат е библиотеката, а на вториот се канцелариски простории.

Поврзано Културно наследство на Македонија во Општина Центар

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Знаменитости во Скопје Категорија:Згради и градби во Скопје