Ресник или конопљика () — повеќегодишно растение од семејството главоцветни.

Опис Ресникот е повеќегодишно зељесто растение високо до 1,5 метар. Расте на влажни места, покрај шуми, покрај патишта, ниви и потоци. Стеблото е исправено со многу листови и со кратки влакненца, прстесто разгранети, на лице светлозелени, а на опачината темни и со влакненца. Цветовите се ситни и имаат црвенкаво виолетова боја, кои на врвот обликуваат густ цвет кој по прецутувањето се претвора во облик на реса. Ресникот цвета од јуни до септември.

Состав Ресникот содржи: есенцијално масло, смола, фосфат, калциум оксалат, калиум нитрат, силициумска киселина, еупаторин и инулин. Се користат: листот, цветот и коренот. Листот и цветот се собираат во мај, јуни, јули во август, а коренот во септември, октомври, ноември.

Употреба Во народната медицина чај од ресник се употребува како билка од која забременуваат жените и како билка против холестеролот во крвта. Исто така, се употребува и за болести на жолчката и црниот дроб, хепатит, жолтица и против грозница, холестерол во крвта, за грип, го скратува траењето на грипот и го намалува бројот на смртни случаи при епидемии. Надворешно, се користи за рани кои тешко се лекуваат и тумори. При користење на ресник се препорачува болниот да биде под контрола на лекар. Кај народот се смета дека жените кои пијат чај од ресник раѓаат многу деца и затоа се користи против женски стерилитет и за внатрешни крвавења од секаков вид.

Галерија

Наводи

Литература: Драгослав Животиќ и Драгана Животиќ, Прирачник за собирачи на растенија

Надворешни врски Ресник - конопљика

Категорија:Главоцветни Категорија:Лековити растенија Категорија:Зборови што ги нема во ТРМЈ Категорија:Растенија опишани во 1753 година Категорија:Флора на Европа Категорија:Растителни таксони опишани од Карл Линеј