Роберт Иванович Рождественски (; - ) — руски поет кој во периодот на распадот на доктрината на социјалистичкиот реализам, заедно со поетите од типот на Андреј Вознесенски, Евгениј Евтушенко и Бела Акмадулина се осврна кон еден понов, посвеж и послободен поетски пристап во Советскиот Сојуз.

Роден е во воена фамилија во Кошика. По почетокот на Втората светска војна оди во сиропиталиште, бидејќи двајцата негови родители се мобилизирани. Започнува да пишува по завршувањето на средното училиште (првите свои стихови ги издава во 1950). За време на првите години од владеењето на Хрушчов, Рождественски работи крај Вознесенски, Јевтушенко и Акмадулина. Тие не се покоруваат на социјалистичкиот реализами почнуваат да пишуваат емотивни, лирски поеми. Сепак, тој никогаш нема да биде критички настроен кон комунистичката власт, поради што ќе биде постојано поддржуван од неа, а и ќе ја добие Лениновата награда во 1979 година.

Тој е првиот добитник на Златниот венец на Струшките вечери на поезијата за најдобра песна во 1966 година.

Умира на 19 август 1994 во Переделкино. Наводи

Надворешни врски Роберт Рождественски поеми на Стихи Поэтов Рождественски на lib.ru.

Категорија:Руски поети Категорија:Руски писатели Категорија:Советски поети Категорија:Советски писатели Категорија:Добитници на Златен венец на Струшките вечери на поезијата Категорија:Носители на Орденот на Црвеното знаме на трудот Категорија:Носители на Орденот на Ленин Категорија:Добитници на Државната награда на СССР Категорија:Носители на орденот „Знак на Честа“ Категорија:Добитници на наградата на Ленинскиот комсомол Категорија:Починати во Москва