Св. Димитрија — археолошко наоѓалиште во струшкото село Ташмаруништа. Претставува сакрален објект од доцноантичко време.

Местоположба

Се наоѓа на околу еден километар југоисточно од селото, од десната страна на патот што води за селото.

Опис

При изградбата на црквата „Св. Димитриј“ биле откриени темели од постар објект со мозаичен под, веројатно од базилика. Исто така, во времето на Втората светска војна бугарските војници, копајќи ровови, откриле мермерни плочи.

Поврзано Главје — средновековна населба и топилница; Градиште — утврдена населба од римско време; Млака — сакрален објет и некропола од доцноантичко време; На Чука — сакрален објект од доцнохристијанско време; Св. Мартиниј — сакрален објект од доцноантичко време; Ташмаруништа; и Список на археолошки наоѓалишта во Струшко.

Наводи

Категорија:Ташмаруништа