Ѓоко Зајков (роден на 10 февруари 1995 година, во Скопје) — македонски фудбалер, играч од одбраната на и на македонската репрезентација.

Клупска кариера Роден во Скопје во семејство по потекло од Удово, Зајков ја започнал својата фудбалска кариера во младинските категории на Работнички. Своето деби за првиот тим го направил во завршницата на сезоната 2011-2012, а во наредните две сезони бил стандарден првотимец на Дебармаалците. Вкупно за Работнички одиграл 51 натпревар и постигнал 3 гола.

На 23 јуни 2014 година, уште како тинејџер на возраст од само 19 години, тој го имал првиот ангажман во странство потпишувајќи тригодишен договор со францускиот прволигаш Рен. Во својата прва сезона во клубот, тој најчесто играл за вториот тим во петтото ниво на францускиот фудбал. Својот прв и единствен настап за првиот тим на Рен го направил на 17 декември 2014, играјќи од почеток до крај во победата на домашен терен со 1-0 над Кретеј во осминафиналето на Лига купот. Следната сезона, тој бил позајмен во Шарлероа, каде одиграл 7 натпревари во белгиското првенство.

Во летото 2016 година, Зајков потпишал траен договор со Шарлероа минувајќи ги таму следните пет сезони од кариерата, но во ниту една од нив тој не успеал да се наметне и да биде стандарден првотимец. Откако му истекол договорот со белгискиот клуб, во летото 2021 година, тој потпишал едногодишен договор со Левски Софија. Дебитирал за бугарскиот клуб на 28 август, во победата на домашен терен над Берое со 2-1. Својот прв гол во дресот на Левски го постигнал на 4 декември, во победата на домашен терен над Ботев со 2-0.

Во јануари 2022 година, Зајков потпишал за украинскиот клуб Ворскла од Полтава.

Репрезентативна кариера Зајков играл за репрезентациите на Македонија под 19 и под 21 година, за втората забележал 21 настап и 1 гол вклучувајќи и три настапи на Европското првенство за играчи под 21 година 2017 во Полска.

Своето деби за сениорската репрезентација го направил во пријателски натпревар против во јуни 2016. Својот прв гол за македонската репрезентација го постигнал во натпревар против во УЕФА Лигата на нации, на 11 октомври 2020 година.

Во 2021 година, тој бил повикан да ја претставува Македонија на Европското првенство 2020, но не забележал ниту еден настап на турнирот.

Хронологија на репрезентативните настапи

Титули Работнички Скопје Прва лига на Македонија : 1 2013-2014. Куп на Македонија : 1 2013-2014.

Наводи

Надворешни врски

Ѓоко Зајков на soccerway Ѓоко Зајков на transfermarkt

Категорија:Живи луѓе Категорија:Фудбалери од Скопје Категорија:Македонски фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Работнички (Скопје) Категорија:Фудбалери на ФК Рен Категорија:Фудбалери на ФК Шарлероа Категорија:Фудбалери на ПФК Левски (Софија) Категорија:Фудбалери на ФК Ворскла Категорија:Фудбалери на ЧС Университатеа Крајова 1948 Категорија:Родени во 1995 година