Емилио Маркос Палма Морела (шпански: Emilio Marcos Palma; роден на 7 јануари 1978 година) е аргентински државјанин, првиот човек кој се родил на Антарктикот.
Биографија Палма е роден во Фортин Сарџенто Кабрал во базата Есперанца, во близина на врвот од Антарктичкиот Полуостров, и при раѓањето тежел 3,4 кг. Неговиот татко, капетанот Хорхе Емилио Палма, бил шеф на аргентинската армија во базата. Иако оттогаш на Антарктикот се родени десет луѓе, местото на кое се родил Палма и натаму е најјужното место.
Кон крајот на 1977 година, во седмиот месец од бременоста, Марија Силвија де Палма, мајката на Емилио, била однесена во станицата Есперанца за да се породи. Со неговото раѓање Аргентина сметала дека ќе стекне предност во спорот за суверенитет над територијата на Антарктикот. Емилио автоматски добил аргентинско државјанство од владата бидејќи неговите родители биле аргентински државјани, а тој е роден во Аргентинскиот Антарктик. За овој дел од Антарктикот Аргентина тврди дека е дел од нејзината територија, иако суверенитетот не е меѓународно признат и се поклопува со британските и чилеанските претензии .
Тој влегол во Гинисовата книга на рекорди како првиот човек во историјата за кој се знае дека е роден на Антарктикот.
Поврзано
Демографија на Антарктикот Солвеиг Гунбјорг Јакобсен
Наводи
Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1978 година Категорија:Луѓе родени на Антарктикот