„Бескрајна приказна“ (германски: Die unendliche Geschichte) — роман на германскиот писател Михаел Енде од 1979 година.
Содржина Романот се состои од воведен дел и 26 глави. Воведен дел: Еден дождлив ден, во антикварницата на Карл Конрад Корандер влегува Бастијан Балтазар Букс, дебело дете кое е лош ученик и кого постојано го исмејуваат учениците. Мајка му на Бастијан умрела и тој живее со татко му, кој не му посветува многу внимание. Во антикварницата, Бастијан забележува една необична книга и, користејќи го привременото отсуство на Кореандер, тој ја краде книгата со наслов „Бескрајна приказна“, а потоа тајно се затвора на таванот на училишната зграда и почнува да ја чита.Mihael Ende, Beskrajna priča. Beograd: Prosveta, 1985, стр. 5-14. I. Земјата Фантазија е во неволја: Во Хаулската шума се среќаваат неколку необични суштества, гласници кои брзаат да ја известат Детската царица за опасноста што ѝ се заканува на Фантазија — појавата на Ништото во кое исчезнуваат сите предмети и суштества, а кое незапирливо се шири низ целата земја. Кога пристигаат на целта, таму веќе се насобрани многу гласници.Mihael Ende, Beskrajna priča. Beograd: Prosveta, 1985, стр. 15-26. II. Повикот до Атреј: На дворот на Детската царица се насобарни бројни лекари кои не можат да најдат лек за нејзината ненадејна болест. Најпосле, најпознатиот лекар, Каирон, соопштува дека неа може да ја спаси само Атреј. Поради тоа, Каирон оди во земјата на зеленокошците и на големо изненадување дознава дека Атреј е дете. Сепак, тој му ја соопштува задачата и му ја дава моќната амајлија, а Атреј и неговиот коњ Артакс заминуваат веднаш во потрага по лекот.Mihael Ende, Beskrajna priča. Beograd: Prosveta, 1985, стр. 27-40. III. Древната Морла: Атреј ја минува целата Фантазија, но никој не може да му помогне. За време на патувањето, тој цело време сонува бизони, а еден бизон во сонот му кажува дека треба да бара древната Морла. Така, тој се упатува на север, во Мочуриштето на тагата, каде што Артакс потонува во мочуриштето, па Атреј е принуден да продолжи сам. Конечно, тој ја среќава Морла, многу стара, џиновска желка, која му кажува дека Детската царица ќе оздрави ако добие ново име и го упатува да оди на југ кај пророчката Ујулала. Во меѓувреме, Ништото тргнува во потрага по Атреј.Mihael Ende, Beskrajna priča. Beograd: Prosveta, 1985, стр. 41-53. IV. Многукратната Играмул: Атреј пристига во пустата земја на Мртвите планини, каде во една длабока бездна гледа борба меѓу џиновскиот пајак Играмул и змеј на среќата. Тогаш, исплашен од сцената, Бастијан крикнува и неговиот крик го слуша Играмул. Атреј се обраќа за совет до Играмул. Таа го каснува и Атреј веднаш се префрла во јужната земја.Mihael Ende, Beskrajna priča. Beograd: Prosveta, 1985, стр. 55-64. V. Двоселеници: Во јужната земја пристига и змејот на среќата, кој му нуди помош на Атреј, но двајцата паѓаат истоштени од отровот на пајакот. Нив ги лекува една жена-гном, а нејзиниот маж му го покажува на Атреј влезот во пророчиштето на Ујулала.Mihael Ende, Beskrajna priča. Beograd: Prosveta, 1985, стр. 65-74. VI. Трите волшебни порти: Гномот му раскажува на Атреј за трите волшебни порти низ кои мора да помине тој за да дојде до Ујулала. Низ првата порта го пропуштаат две сфинги и тогаш тој го губи стравот; во портата на волшебното огледало го здогледува својот внатрешен лик — непознато дебело дете кое чита книга; тогаш, тој заборава сè и така му се отвора и портата без клуч.Mihael Ende, Beskrajna priča. Beograd: Prosveta, 1985, стр. 75-88. VII. Гласот на тишината: Во една просторија исполнета со бројни столбови, Атреј ја среќава Ујулала која постои само како глас. Таа знае за опасноста што ѝ се заканува на Фантазија, а исто така е свесна дека набргу и таа самата ќе биде уништена од Ништото. Ујулала му кажува на Атреј дека Детската царица може да ја спаси само некое дете од надворешниот свет, зашто само тоа може да ѝ даде ново име. Тогаш, Ујулала исчезнува, а Атреј се враќа кај гномовите и летнува на змејот во потрага по детето. Истовремено, и гномовите го напуштаат својот дом, бегајќи од Ништото, кое веќе ја уништило околината.Mihael Ende, Beskrajna priča. Beograd: Prosveta, 1985, стр. 89-101. VIII. Во земјата на ништожните суштества: Додека летаат, змејот и Атреј запаѓаат во бојното поле меѓу Ветрените џинови и Атреј паѓа од змејот. Тој се освестува на морскиот брег и сфаќа дека ја изгубил волшебната амајлија, така што ја губи надежта дека ќе излезе надвор од Фантазија. Тој среќава поворка од чудовишта, ги следи и конечно се соочува со Ништото. Чудовиштата се фрлаат во празнината, а Атреј во последен миг успева да побегне.Mihael Ende, Beskrajna priča. Beograd: Prosveta, 1985, стр. 103-114. IX. Градот на духовите: Фухур неуморно лета наоколу барајќи го Атреј, кој за тоа време оди низ испустениот Град на духовите каде среќава окован врколак кому му се претставува како Никој. Врколакот му кажува на Атреј дека може да појде во светот на луѓето, ако се фрли во Ништото. Исто така, тој му раскажува дека во надворешниот свет владеат лагите и дека луѓето не веруваат во суштествата од Фантазија. Во разговорот, врколакот открива дека бил испратен во потрага по Атреј, а кога Атреј му го открива вистинскиот идентитет, врколакот наеднаш умира. Меѓутоа, кога Атреј се доближува во него, врколакот го загризува за ногата и Атреј не може да се ослободи. Во меѓувреме, Ништото полека навлегува во градот.Mihael Ende, Beskrajna priča. Beograd: Prosveta, 1985, стр. 115-127. X. Лет кон Кулата од слонова коска: Додека Атреј лежи ранет крај мртвиот врколак, Фухур лета кон морето, воден од невидлива сила, и таму го наоѓа Аурин. Потоа, тој лета кон Градот на духовите, каде го наоѓа Атреј и го спасува во последен миг. Двајцата летаат кон центарот на Фантазија кај Детската царица. Во моментот кога Атреј останува сам со неа, Бастијан успева да ја види Детската царица и тогаш го соопштува нејзиното ново име — Месечево дете.Mihael Ende, Beskrajna priča. Beograd: Prosveta, 1985, стр. 129-139. XI. Детската царица: Детската царица му се заблагодарува на Атреј за успешно завршената задача и му кажува дека Спасителот ќе дојде да ѝ помогне на фантазија. Меѓутоа, Бастијан се колеба, зашто не знае што го чека во таа земја, па затоа, Детската царица заминува на пат со цел да го најде Старецот од Скитачките планини, кој ќе го натера Бастијан да влезе во Фантазија. Тогаш, Атреј заспива и доаѓа во непознато место каде треба да му заздрават раните.Mihael Ende, Beskrajna priča. Beograd: Prosveta, 1985, стр. 141-151. XII. Старецот од Скитачките планини: Детската царица пристига кај Старецот, кој живее во јајце. Таа ја здогледува книгата „Бескрајна приказна“ која ја пишува Старецот и во која запишува сè што се случило. Наспроти неговите предупредувања, таа му наредува да почне да ја чита „Бескрајната приказна“ од почеток, а Бастијан го слуша сето тоа. На тој начин, сите настани почнуваат да се случуваат од почеток и сè се врти бесконечно во круг. Тогаш, Бастијан извикува дека сака да влезе во Фантазија, а од книгата што ја чита излегува силен ветар и настапува мрак.Mihael Ende, Beskrajna priča. Beograd: Prosveta, 1985, стр. 153-164. XIII. Ноќната шума Перелин: Бастијан лебди во мракот и ја среќава Детската царица, која му дава зрно песок од кое се создава нов свет. Наоколу почнува да се формира голема шума која Бастијан ја нарекува Перелин. Тој, пак, се претвора во убаво и силно момче, а Детската царица наеднаш исчезнува, оставајќи му го Аурин, со чија помош Бастијан добива моќ да ги оствари сите желби. Тој се искачува на огромно дрво од каде ја набљудува шумата која се простира насекаде околу него.Mihael Ende, Beskrajna priča. Beograd: Prosveta, 1985, стр. 165-175. XIV. Гоаб, пустината на боите: Бастијан помислува друга желба и шумата се претвора во пустина. Тој го среќава огромниот лав Граограман кој му се потчинува на Бастијан и го носи во својот дворец. Ноќта, лавот се скаменува и тогаш пустината се претвора во шумата Перелин.Mihael Ende, Beskrajna priča. Beograd: Prosveta, 1985, стр. 177-188. XV. Граограман, многубројната смрт: Утредента, лавот се буди и пустината се обновува. Лавот му поклонува на Бастијан волшебен меч, а потоа тие минуваат заедно неколку дена. Потоа, лавот го советува Бастијан да замине во Храмот на илјада врати. Една ноќ, во дворецот на Граограман се појавува врата, Бастијан влегува во храмот.Mihael Ende, Beskrajna priča. Beograd: Prosveta, 1985, стр. 189-198. XVI. Сребрениот град Амаргант: Бастијан минува низ повеќе соби, а кога помислува на Атреј, тогаш успева да излезе од Храмот на илјада врати. Набрзо, тој среќава група рицари кои патуваат кон градот Амаргант за да учествуваат на турнирот на кој треба да се изберат придружниците на спасителот на Фантазија. Подоцна, на турнирот, Бастијан го понижува витезот Хинрек, кој претходно се фали со своите способности. Тогаш, Атреј го препознава Бастијан по што започнува општа веселба.Mihael Ende, Beskrajna priča. Beograd: Prosveta, 1985, стр. 199-213. XVII. Сребрениот град Амаргант: Бастијан забележува одредено незадоволство кај Атреј откако му покажува дека сега тој го носи Аурин. Оттука, за да го воодушеви Атреј, Бастијан помислува желба која утредента се остварува: на жителите на градот Амаргант им раскажува приказна од која тие го запознаваат своето потекло. Потоа, Бастијан успева да ја отвори големата библиотека во која се собрани сите негови приказни. Откако дознава дека витезот Хинрек е разочаран поради тоа што го напуштила саканата принцеза, Бастијан му помага така што измислува приказна за страшниот змеј кој ја грабнал принцезата. Приказната веднаш се остварува и Хинрек заминува за да ја спаси саканата, а Атреј го повикува Бастијан да го бараат излезот од Фантазија, а ним им се придружуваат тројца витези.Mihael Ende, Beskrajna priča. Beograd: Prosveta, 1985, стр. 215-230. XVIII. Ахараите: За време на своето патување, Бастијан и Атреј пристигаат во една долина каде ги среќаваат Ахараите — грди суштества во облик на црви, кои живеат под земја и постојано плачат поради својот грозен изглед. Тогаш, Бастијан сфаќа дека тие се суштествата кои тој ги измислил во својата приказна и решава да им помогне така што ќе ги направи убави и среќни. Меѓутоа, Ахараите се претвораат во шарени бубачки-кловнови кои постојано се шегуваат и се смеат. По таа преобразба, Бастијан повеќе не е сигурен дека неговите желби секогаш водат кон добри дела.Mihael Ende, Beskrajna priča. Beograd: Prosveta, 1985, стр. 231-242. XIX. Сопатници: Атреј и Фухур го молат Бастијан повеќе да не ја користи моќта на Аурин, зашто тој полека ги губи сеќавањата на претходниот живот. Додека патуваат, тие сфаќаат дека постојано се вртат во круг поради тоа што Бастијан нема никакви желби. Тогаш, мулето го советува Бастијан да се упатат кон Кулата од слонова коска за да се сретне со Детската царица. Атреј и Фухур се загрижени за Бастијан и се решени да му помогнат да се врати во својот свет. Патем, ним им се придружуваат стотина суштества од целата Фантазија, кои слушнале за приказните на Бастијан.Mihael Ende, Beskrajna priča. Beograd: Prosveta, 1985, стр. 243-254. XX. Видовитата рака: Поворката пристигнува во близината на замокот на волшебничката Ксаида чии метални стражари ги заробуваат тројцата витези, придружници на Бастијан. Бастијан влегува во замокот, со помош на волшебниот меч ги победува стражарите и ги ослободува витезите, а Ксаида му се покорува и му се придружува на патувањето, наспроти предупредувањето на Атреј. Тогаш, доаѓа до остра кавга меѓу Бастијан и Атреј, така што Атреј и Фухур се повлекуваат на крајот од поворката. Истовремено, Бастијан целосно заборава дека некогаш бил дете.Mihael Ende, Beskrajna priča. Beograd: Prosveta, 1985, стр. 255-270.