Охридски чинар (Стар чинар или само Чинарот) — најголемото и едно од најстарите дрва во градот Охрид, позната знаменитост на градот, прогласено за споменик на природата на Македонија.

Тој е од видот чинар (Platanus orientalis). Сместен е на чаршиската улица „Свети Климент Охридски“, на плоштадот „Крушевска Република“ спроти Џељовата магаза.

Историја Според преданието, чинарот е засаден од Климент Охридски во IX – X век. Според други легенди, чинарот е засаден околу XV век. Во 2012 година, во лоши временски услови, отцепени биле голема гранка и дел од стеблото, по што е извршена делумна заштита. Подоцна во декември истата година дрвото одново настрадало во невреме. Во септември 2017 година Советот на Општина Охрид го усвоил проектот за прогласување на Чинарот за споменик на природата и негова заштита.

Поврзано Охридска чаршија Список на споменици на природата на Македонија

Наводи

Надворешни врски „Стебла со историја – кои се најдревните старци меѓу дрвјата!?“, „Вечер“, 1.1.2026.

Чинар Категорија:Чинари Категорија:Споменици на природата на Македонија Категорија:Поединечни дрва во Македонија __ИНДЕКС__