Шадрван на шехот Зекерија — стар шадрван од османлиско време во Охрид, прогласен за културно наследство на Македонија како дел од комплексот на теќето „Зејнел Абедин-паша“.

Шадрванот се наоѓа од западната страна турбето на Хајати Баба и е служел за обредно миење пред молитва, како и за мисраф-шадрван — место за прием на гости, одмор и разговор на дервишите. Изграден е од шехот Зекерија, кој го доградил и турбето. Има издолжен неправилен седумаголен облик со дрвена конструкција и покрив од турски ќерамиди. Изграден е од бондрук, а ѕидовите се варосани. Во шадрванот се зачувани миндерите за седење околку средишната фонтана.

Поврзано Културно наследство на Македонија во Општина Охрид

Наводи

Категорија:Фонтани во Македонија Категорија:Исламски споменици на културата во Македонија Категорија:Знаменитости во Охрид Категорија:Отоманска архитектура во Македонија