мини|Техничко училиште Оџаци Вилата Ертл се наоѓа во Оџаци, градска населба и центар на истоимената општина во областа Западнобачки. Изградена била на почетокот на 20 век во стилот на Арт Нову како семејна вила на Јохан Ертл, сопственик на Фабриката за јажиња. Објектот бил реновиран и денес таму е сместено Техничкото училиште.
Локација Вила Ертл се наоѓа во центарот на Оџакци, на улицата Школска на број 20.
Историја Вилата ја изградил Јохан Ертл како семејна куќа на почетокот на 20 век.
Во минатото, дел од зградата на вилата Ертл била трајно наменета за сместување на сиромашните.
Семејството Ертл Јохан Ертл е еден од најважните луѓе кои живееле во Оџаци. Мештаните го нарекувале „Големиот син на Оџаци“ поради сè што направил за тоа место во Војводина. Семејството Ертл се таканаречените Дунавски Германци. Тие се преселиле во Оџаци за време на германската колонизација во 1755 година. Јохан Ертл е роден во Оџаци во 1882 година. Неговиот татко Франц се занимавал со производство на коноп и се обидел да отвори фабрика за коноп и јажиња со Питер Ориолт, но само по совет на неговиот син Јохан Ертл во 1907 година, тој успеал во намерата да изгради погон во Оџаци за производство на јажиња. Првото официјално име е „Honi fonó és kötélverőgyár“ (Фабрика за коноп и канап).
Јохан Ертл станал првиот претседател на одборот, а подоцна и сопственик на 90% од сите акции во фабриката. Златното доба на фабриката на Јохан Ертл датира од 1929 година. Производството се проширило по 1930 година. Во фабриката почнале да се прават теписи од јута и свилени ткаенини. Фабриката на Јохан Ертл станала најголема во Европа за производство на коноп.
Јохан Ертл по Првата светска војна бил и пратеник во Парламентот на Кралството Југославија. Починал во 1922 година, а неговиот потомок Франц Ертл продолжил успешно да го води бизнисот. Фабриката работела до Втората светска војна, кога била заземена од германските окупатори. Франц Ертл не ги поддржувал отворено нацистите, но бил брутално убиен од партизаните во 1944 година.
Вилата денес Денеска во зградата е сместено Техничкото училиште. Семејната куќа што ја изградил Јохан Ертл во Оџаци денеска е под заштита на државата. Зградата била реновирана во 2004 година, а реновирањето било финансирано од Покраинскиот извршен совет на Војводина.
Галерија
Наводи
Надворешни врски
Приказни за Војводина: Европската престолнина на влечење Објектот на техничкото училиште Оџаци е вратен во стариот сјај техничко училиште Оџаци
Категорија:Згради и градби во Војводина