Сања Шојлевска (мажена Хендерсон; р. во ) — македонска пијанистка и музиколог.

Животопис

Дипломирала во 1987 година на Факултетот за музичка уметност во Скопје, каде што и магистрирала во 1991 година. Докторирала во 2000 година во Нови Сад, каде што работела како наставник на Уметничката академија во периодот 1989-1995.

Од 1993 година живее и работи во Лос Анџелес, САД.

Авторка е на монографија за истакнатиот американски композитор на филмска музика Александар Норт, издадена во 2003 година.

Наводи

Категорија:Луѓе од Скопје Категорија:Македонски пијанисти Категорија:Македонски музиколози