Куќа на Коле Котуше — стара куќа во градот Охрид прогласена за значајно културно наследство на Македонија како претставник на македонската староградска архитектура. Градбата е заведена како Споменик на културата под називот Куќа на ул. „Цар Самоил“ бр. 55.
Историја лево|мини|220п|Куќата во 2022 година. Куќата е сместена во маалото Варош, на улица „Цар Самоил“ бр. 59 (стар број: 55). Изградена е во XIX век и се вбројува во неколкуте наполно зачувани староградски куќи во Охрид. Му припаѓала на Коле Котуше. Куќата била надворешно обновена во периодот 2016-2017 година.
Архитектура лево|мини|220п|Преживеаниот прв кат. Во прво време куќата имала приземје и два ката, од кои во вториот имало училиште. Подоцна тој кат е урнат, веројатно заради нарушената стабилност на градбата. Приземјето и катот се целосно зачувани со исклучок на функционалните промени во внатрешноста. Главниот влез е од улицата „Цар Самоил“, а помошниот е од сокакот на запад, преку затворениот двор од јужната страна. Фасадата има карактеристични полукружни прозорци со дрвени капаци, што е посебен случај во градот. Градбата е типична за своето време во Охрид — визбата и приземјето се камени, а катот е бондручен. Меѓукатната и покривната конструкција се дрвени, а покривот е од турски ќерамиди. Подовите и таваните се од штици, со исклучок на подрумскиот под, кој е од калдрма. Преградните ѕидови се дрвени. На приземјето има ходник, кујна и една одаја, а на катот има три одаи, од кои едната е чардак, подоцна пренаменет во просторија за живеење. Фасадата ги има оригиналните дрвени опшиви околу прозорците. Пред реставрацијата, фасадата на катот имала специфична сина боја.
Поврзано Културно наследство на Македонија во Општина Охрид
Наводи
Коле Котуше Коле Котуше