Куќа на Ѓинековци — стара куќа во градот Охрид прогласена за значајно културно наследство на Македонија.
Историја Куќата е сместена на чаршиската улица „Свети Климент Охридски“ бр. 112. Изградена е во 1932 година од истакнатиот архитект Димитар Симонче за семејството Ѓинековци.
Архитектура Градбата е изведена во неокласичен стил и има сутерен, приземје, кат и мансарда. Изградена е масивн со носечки ѕидови — во сутеренот од камен, а на приземјето, катот и мансардата од полна тула. Меѓукатната и покривната конструкција се дрвени. Првично на приземјето имало кафеана, хотел на катот и домување на мансардата.
Куќата е дел од низа згради и целото внимание ѝ е посветено на уличната фасада, која се одликува со изразена симетрија. По средината на градбата на првиот етаж и мансардата има карактеристични балкони со огради од ковано железо, потпрени со конструктивни и украсни вути, поизразени на мансардниот балкон. До прозорските отвори на катот има пиластри, а над нив тимпанони сп цветни и украсни елементи. Балконската врата на катот исто така е нагласена со пиластри кои завршуваат со вутите на мансардниот балкон. Катот завршува со профилиран венец, на манасардата има барокни керамички балустради, а над мансардниот балкон е направен полукружен тимпанон со богата пластика, потпрен на полукружни столбови со богато обработени капители.
Поврзано Културно наследство на Македонија во Општина Охрид
Наводи
Надворешни врски
Ѓинековци Категорија:Појавено во 1932 година во Македонија