Атакуле ― 125 метарска висока комуникациска и набљудувачка кула која се наоѓа во градскиот округ Чанкаја во средишна Анкара, Турција, и е една од основните знаменитости на градот. Бидејќи округот Чанкаја е самиот на рид, кулата може да се забележи речиси од каде било во градот за време на ведрите денови. Дизајнот на кулата потекнува од архитектот Рагип Булуч, а градежните работи траеле од 1987 до 1989 година. На горниот дел од кулата има отворена тераса и вртечки ресторан по име „Sevilla“ (Севиља), кој прави целосна вртење од 360 степени за еден час. На врвот на Севиља е уште еден ресторан, „Dome“ (Доум), кој не се врти и се наоѓа директно под куполата. Под терасата има кафуле, наречено „UFO“. Во долните структури има трговски центар и неколку внатрешни и отворени ресторани. Кулата била отворена на 13 октомври 1989 година од претседателот Тургут Озал. Поради тековната обнова на трговскиот центар, кулата сега е затворена за посетители.
На турски, зборот ата значи „предок“ (или „татко“ на старотуркиски), кој често се користи како прекар (Ата) за Мустафа Кемал Ататурк, основачот и првиот претседател на Република Турција; додека турскиот збор куле значи „кула“.
Трговски центар Атриум Трговскиот центар во непосредна близина на кулата, Атриум, исто така бил отворен на 13 октомври 1989 година. Тоа бил првиот современ трговски центар во Анкара и вториот во Турција по Атаќој во Истанбул, кој бил отворен во 1987 година. Трговскиот центар бил затворен поради губење на популарноста наспроти конкуренцијата од зголемениот број посовремени трговски центри во градот. Сега е урнат и повторно изграден како трговски центар во современ стил.
Поврзано
Список на највисоки згради во Анкара
Наводи
Надворешни врски
Службена мрежна страница на Атакуле Архивирано (на турски) Категорија:Кули во Турција Категорија:Знаменитости во Анкара Категорија:Згради и градби во Анкара Категорија:Координати на Википодатоците Категорија:Врамена карта без назнака за OSM-однос на Википодатоците Категорија:Појавено во 1989 во Турција Категорија:Набљудувачки кули Категорија:Комуникациски кули Категорија:Чанкаја (Анкара) Категорија:Кули со вртечки ресторани Категорија:Згради и градби изградени во 1989 година