Узгенското минаре ― минаре од 11 век, сместено во Узген, Киргистан. Тој е дел од старите урнатини во Узген, заедно со три добро сочувани мавзолеи кои се наоѓаат во близина. Узгенското минаре е заострена кула висока 27,5 метри, со основен пречник од 8,5 метри, сведувајќи се на 6,2 метри на врвот.

Изградена со тули, архитектурата на Узгенското минаре се состои од три особенити делови. Има долен дел во облик на октаедар висок 5 метри и среден цилиндричен заострен дел, сличен на минарето Бурана во северен Киргистан. Горниот дел со заоблени прозорци и купола е релативно неодамнешен додаток, изграден од 1923 до 1924 година.

Галерија

Поврзано

Минаре Список на најстари минариња Список на највисоки минариња

Наводи

Категорија:Кули Категорија:Исламска архитектура Категорија:Координати на Википодатоците Категорија:Згради и градби во Киргистан Категорија:Кули изградени во 11 век Категорија:Минариња