Граѓанската кула (италијански: Torre Civica, се изговара: Торе Чивика) ― поранешна кула изградена во италијанскиот град Павија во 11 век, веднаш до Павијанската катедрала. Изградена во правоаголен облик, била 72 м висока.
Помеѓу 1583 и 1585 година, архитектот Пелегрино Тибалди ги водел работите за додавање просторија на врвот на кулата за да се сместат ѕвоната на катедралата, што го правел сè додека не било преместено во камбанаријата на катедралата.
На 17 март 1989 година, во 8:55 часот наутро, Граѓанската кула се урнала, оставајќи 8,000 кубни метри шут од тули, песок и гранит. Во уривањето загинале четири лица, а петнаесет биле повредени. Не е повторно изградена, иако некои елементи од него сега се изложени во градскиот Висконтиев замок.
По уривањето на кулата, италијанската влада ја затворила Кривата кула во Пиза на 7 јануари 1990 година поради загриженоста дека познатото туристичко место исто така може да биде во опасност од уривање.
Наводи
Надворешни врски
Блог со фотографија од структурата пред нејзиното уривање
Категорија:Поранешни кули Категорија:Поранешни згради и градби во Италија Категорија:Урнати згради и градби Категорија:Згради и градби изградени во 1585 година Категорија:Згради и градби во Павија