Александар Танев (Велес, 1 септември 1863 — Софија, 16 септември 1932) — генерал во бугарската армија со македонско потекло. Во 1913 година бил командир на Босилеградскиот одред. Учестувал во Првата светска војна — бил водач на коњичка дивизија со која учестува во битките кај Велес, Прилеп и Битола. Од 1915 до 1916 бил назначен за водач на 1-та софиска дивизионна област, а од 1918 година бил водач на Драмската военноинспекционна област. Има добиено неколку ордени:

Орден „За храброст“ 3-ти ред. Орден „Свети Александар“ 3-ти ред. Орден „За воена заслуга“ 2-ри ред. Орден „За заслуга“.

Категорија:Бугарски генерали Категорија:Македонски офицери Категорија:Македонски преселници во Софија Категорија:Носители на орденот „За воена заслуга“ (Бугарија) Категорија:Носители на орденот „За заслуга“ (Бугарија) Категорија:Македонски генерали Категорија:Луѓе од Велес Категорија:Родени во 1863 година Категорија:Починати во Софија Категорија:Починати во 1932 година