Кули на Радин мост — историски три средновековни одбранбени кули во градот Кратово.

Местоположба Радиниот мост кој е изграден во 1833 година е поставен на овие 3 кули.

Опис Сите три кули имаат правоаголна основа, а висините им се 6,60, 11,50 и 21,00 метри. Дебелината на ѕидовите на овие кули изнесува 1 метар. Кулите имаат приземје и 2, 3 и 4 ката. За осветлување се користеле амбразури, кои се користеле како набљудувачници, а во турско време како пушкарници. Страничните ѕидови се од поквалитетен, делкан камен, а средишниот дел од полуделкан камен. Влезовите се засводени, некои имаат и по два влеза. Вратите биле изработени од дрво и железо, а прозорците биле заштитени со железни решетки. Покривите на кулите биле изработени од камени плочи исто како и подовите. Сите кули се присојни бидејќи се градени на ориентација североисток-југозапад. На некои од кулите се забележува орнаментика со исламски мотиви.

Поврзано Кратово Архитектура на Кратово

Наводи

Категорија:Кули во Кратово