Дирлик ― феудален имот, лено, средства за живот егзистенција, апанажа.
Во Османлиското Царство означувал доход што го давала државата, директно или индиректно, на одредени категории службеници и припадници на воените органи за нивно издржување. Иако овој термин се употребувал почесто за војничките приходи, речиси подеднакво се однесувал на платите на сите категории централни и провинциски функционери и управители. Во овие приходи спаѓале: улуфето (платата), салјането (годишниот данок), рентата од тимарите, зеаметите, хасовите и слично.
Наводи
Категорија:Отоманско Царство