Едит Ана Бел (1870–1929) била ирска вајарка која што специјализирала изработување медалјони и релјефни портрети.

Биографија Бел се родила во Даблин, но откако посетувала часови по уметност таму, се преселила во Англија, некаде пред 1896 година. Познато е дека предавала моделирање на Централното училиште за уметности и занаети во Лондон. Потоа некое време живеела во Ридинг во Беркшир. Бел изработувала бронзени фигури и статуетки, како и медалјони од бронза и сребро. Помеѓу 1896 и 1912 година, таа изложила десет дела на Кралската академија во Лондон и исто така во Уметничката галерија Вокер во Ливерпул. Националната галерија на портрети во Лондон поседува портрет од бакарен медалјон на Алфред Хармсворт, првиот виконт од Нортклиф, изработен од Бел.

Наводи

Категорија:Починати во 1929 година Категорија:Родени во 1870 година Категорија:Жени-уметници