Михаил Бојаџиев ( ― во ) — македонски партизан, револуционер, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.

Животопис Роден е на 6 март 1913 година во средишнозападниот македонски град Лерин, окупиран од грчките трупи за време на Балканските војни. Подоцна живеел во Битола, каде завршил локална гимназија. Се запишал на високото железничко училиште во Белград како вонреден студент. Започнал да работи во Сомбор, каде останал до окупацијата на Југославија. Во НОВ стапил во 1944 година. Станува командант на Деветтата македонска ударна бригада. Загинал на 4 септември 1944 година во село Стрмашево во престрелка со бугарските окупатори.

Наводи

Категорија:Родени во 1913 година Категорија:Луѓе од Лерин Категорија:Починати во 1944 година Категорија:Починати во Стрмашево Категорија:Учесници во НОБ Категорија:Жртви на Бугарската окупација на Македонија во Втората светска војна Категорија:Македонски партизани