Константин Кирков (познат и како Костадин Кирков; 1882 - 1 мај 1903 (18 април 1903 стар стил) — македонски револуционер - анархист, член на тајниот терористички кружок Гемиџии кој ги извел познатите Солунски атентати кон крајот на април 1903 година во Солун.

Животопис

Роден е во Велес во видно македонско трговско семејство. Го сметале за инкарнација на „возвишен идеализам“, за голем индивидуалист и фанатичен приврзаник на анархизмот. Надворешно важел за младич со префинет изглед.

На 28 април 1903 година (нов стил) Кирков прво ги минира цевките низ кои поминува вода и гас кај т.н. серска железничка станица во Солун, а потоа фрла една бомба помеѓу луѓето пред „Гранд Хотел“.Павел Шатев, „Солунскиот атентат и заточениците во Фезан“, глава 4.

На 1 мај загинал при обидот да ја крене во воздух телеграфската станица во текот на Солунските атентати, а тоа воедно бил и последен атентат.Шатев, Павел. „В Македония под робство“, Издателство на ОФ, София, 1983, стр. 364-369.Кратки биографии на атентаторите

Кирков бил вљубен во убавата внука на сопственикот на тогашната Отоман банк, Алис.

Наводи

Литература Ванчо Ѓорѓиев, Слобода или Смрт, Македонското националноослободително дело во Солунскиот вилает 1893 - 1903 година, Институт за историја - Филозофски факултет, Скопје. К. Битоски, Солунски атентати, Скопје, 1985.

Категорија:Гемиџии Категорија:Солунски атентатори Категорија:Македонски револуционери Категорија:Анархисти