Црвеници — археолошко наоѓалиште во велешкото село Ногаевци. Претставува населба и некропола од доцноантичкото време. На 3 км источно од селото, на десниот брег на Брегалница, по површината се среќаваат фрагменти од керамички садови, градежен материјал, како и блокови од обработен камен и мермер. Откриени биле и повеќе гробови, скелетни, гредени од камени плочи, со ориентација исток-запад, во кои освен керамички садови имало и украсни предмети: прстени, белезици, обетки, монети и др. Наодите се чувани во Народниот музеј во Велес.

Поврзано Горна Црква — некропола од доцноантичкото време; Грамади — населба од римското време; Задружен Блок — тумул од веројатно железното време; Лисички Дупки — некропола од доцноантичкото време; Ограѓе — населба од доцноантичкото време; Ногаевци; Список на археолошки наоѓалишта во Велешко; Список на средновековни некрополи во Македонија.

Наводи