Кале — археолошко наоѓалиште во велешкото село Скачинци. Претставува градиште од доцноантичкото време. На 1,5км јужно од селото, на висок рид со зарамнето плато се гледаат остатоци од утврдување (бедем), а по површината се среќаваат фрагменти од керамички садови, градежен материјал и питоси.

Поврзано Врчва — населба од доцноантичкото време; Долни Дабје — населба од доцноантичкото време; Скачинци; Список на археолошки наоѓалишта во Велешко; Список на средновековни некрополи во Македонија.

Наводи