десно|мини| Заечарски Управен Округ Заечарски Управен Округ — округ кој се наоѓа во источниот дел на Република Србија. Вклучува град и општини:

Град Заечар градска населба Заечар, Општина Бољевац градска населба Бољевац, Општина Књажевац, градска населба Књажевац и Општина Сокобања градска населба Сокобања.

Има вкупно 96.715 жители (попис 2022 година). Седиште на округот е градот Заечар.

Култура и стопанство Феликс Ромулијана (Галерија палата) во Гамзиград, бил престолнина на римскиот цар Гај Галериј Валериј Максимилијан, од крајот на III и почетокот на IV век. Врз основа на откриениот материјал, Гамзиград се вбројува меѓу најрепрезентативните римски градови на Балканот. Таму се пронајдени бројни историски материјали (накит, пари, орудија, оружје) како сведоштво за големата цивилизација на овие простори. Стопанскиот развој на градот Заечар се движел од занаетчиска и полуиндустриска преработка на земјоделски производи и експлоатација на богатството на јаглен.

Демографија Етнички групи во округот согласно пописот од 2022 година: Етничка група Популација % Срби 84.458 87,33% Власи 3.146 3,25% Роми 1.716 1,77% Романци 322 0,33% Југословени 204 0,21% Бугари 173 0,18% Македонци 148 0,15% Хрвати 76 0,08% Црногорци 72 0,07% Останати 513 0,53% Регионално 36 0,04% Неизјаснети 1.829 1,89% Непознато 4.022 4,16% Вкупно 96.715

Наводи

Категорија:Управни окрузи во Србија