Смртта на дијакот – македонски роман од Драги Михајловски. Книгата е издадена во 2002 година во Македонија.Драги Михајловски, стра 209 –222
Содржина При читањето на романот согледуваме дека во него имаме повеќе наратори кои раскажуваат од две гледни точки. Навидум раскажуваат монахот Равул и моќниот турски војсководец Тимурташ. Но, ова само ни се чини така, а вистината е сосема друга. При читањето на последното поглавје од романот откриваме дека ниту еден од двајцата наратори не се всушност наратори, туку сеприсутниот наратор е Велзевут, паднатиот ангел на земјата. Тоа е оној кој им ги зема душите на Равул и на Тимурташ, ги прави негови слуги и раководи, манипулира со нивните мисли. Тие, всушност, се само фокализатори, односно фокализатор 1 е Равул, а фокализатор 2 е Тимурташ затоа што преку нивните гледни точки се раскажуваат настаните.
Романот Смртта на дијакот обработува тема од историјата на македонскиот народ од четиринаесеттиот век, со фокус на освојувањето на Битола од страна на Османлиите. Бидејќи нема пишани документи за овој историски настан, Михајловски своето вдахновение го црпи од народната усна традиција.
Поврзано Драги Михајловски Македонска книжевност
Наводи
Надворешни врски Драги Михајловски – еден од најдобрите современи македонски писатели и преведувачи
Категорија:Македонски романи Категорија:Романи кои се одвиваат во Македонија Категорија:Дела на Драги Михајловски Категорија:Книги од 2002 година