Куќа на Каневчеви — стара куќа во градот Струга, прогласена за културно наследство на Македонија како претставник на македонската староградска архитектура.

Местоположба Куќата е сместена во Струшката чарија, на левиот брег на реката Црн Дрим. Се наоѓа на улица „Браќа Миладиновци“ бр. 16. До неа е Спомен-галеријата „Вангел Коџоман“, а спроти неа е Спомен-домот на Браќа Миладиновци.

Историја Куќата е изградена во XIX век. Била сопственост на Милица Канавчева. Според спомен-плочата до влезната врата, на 23 септември 1941 г. во куќата е одржан конститутивниот состанок на Месниот комитет на КПЈ за Струга и Струшко во присуство на народниот херој Кузман Јосифоски-Питу, чија биста стои до натписот.

Подоцна куќата прешла во сопственост на Народниот музеј „Д-р Никола Незлобински“. Денес во неа е сместена Средоземната академија „Браќа Миладиновци“.

На 7 декември 1954 г. и повторно на 28 јуни 2017 г. куќата е објавена за споменик на културата.

Поврзано Културно наследство на Македонија во Општина Струга

Наводи

Каневчеви Каневчеви