мини|десно|250п|Поглед на споменикот Спомен-костурница — воен споменик и костурница на ридот Китино Кале во градот Кичево. Посветена е на паднатите борци

Историја Споменикот е изграден во 1965 годинаKicevo.gov.mk , посетено на 31 октомври 2011 г.. Во костурницата има метална кутија во која се чуваат останките на 511 борци во Народнослободителната борба од Кичево и Кичевско, од кои 196 не се од тој крај, но кои загинале таму. Меѓу најзначајните личности се Кочо Рацин, Мирко Милески и Ибе Паликуќа.

Костурницата е изградена од мермер и има полукружен облик. На ѕидот е направен бронзен релјеф на кој се прикажани мотиви од партизанската борба како војување во битки, оплакување на загинатите и носење на ранените. Автор на релјефот е вајарот Јордан Грабулоски. Лево и десно од релјефот има девет мермерни плочи на кои се напишани имињата на борците чии останки се чуваат во споменикот. Пред релјефот има има надгробна полоча со натпис „1941 – 1945“Ѓорѓи Трајковски. Преглед на спомениците и спомен-обележјата во СР Македонија. „Републички завод за заштита на спомениците на културата“, Скопје 1986. година, 109. стр.

Поврзано Список на споменици на НОБ во Македонија Музеј „Западна Македонија во НОБ“, исто така во Кичево Културно наследство на Македонија во Општина Кичево

Наводи

Надворешни врски

Спомен-костурница во Кичево — Монументал мк

Кичево Категорија:Споменици од НОБ во Македонија Категорија:Знаменитости во Кичево