Милано-Санремо 2022 — 113. издание на велосипедската еднодневна трка Милано-Санремо, која се одржала на 19 март во северниот дел на Италија. Првично требало да биде осми настан во Светската турнеја, но сепак бил шести настан по откажување на Тур Даун Андер и Големата океанска друмска трка „Кедел Еванс“.

Во сличен потег на оној што му ја донел победата на Јаспер Стејвен во претходното издание, Матеј Мохорич нападнал на спустот на Поџо ди Санремо на само 5 километри до целта и сам стигнал до победата. Антони Тиржис, кој нападнал во последниот километар да се обиде да стигне до Мохорич, останал напред во групата и завршил втор, додека Матје ван дер Пул го освоил спринтот во групата за трето место.

Екипи

Бидејќи Милано-Санремо е настан од Светската турнеја, сите осумнаесет UCI World Tour екипи биле автоматски поканети и се обврзани да учествуваат на трката. Двете најдобри професионални екипи од сезоната 2021, и , биле автоматски поканети. Следната најдобра професионална екипа од сезоната 2021, исто така добила автоматска покана, додека четири други професионални екипи биле специјално поканети. Помеѓу овие екипи била , но на 1 март 2022 година, UCI ги повлекла лиценците за руските и белоруските екипи поради руската инвазија на Украина.

На трката настапиле дваесет и четири екипи. Од нив, и , со шест возачи секоја, биле единствените екипи кои не настапиле со дозволениот состав од седум возачи. на крајот имала исто шест возачи поради еден возач што не ја започнал трката. Од вкупно 165 возачи на почетокот, 159 ја завршиле трката.

Поредок Завршен пласман

Список на учесници

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Милано-Санремо Категорија:Светска турнеја на UCI 2022 Категорија:Италија во 2022 година