Лар () — општина во округот Грофовија Бентхајм, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија.
Географија Местоположба
Лар се наоѓа северозападно од Нордхорн во непосредна близина на границата со Холандија. Реката Фехте тече низ местото. Со 51 км², Лар е најголема општина во рамки на општинската заедница Емлиххајм.
Во општината се наоѓа природната заштитена област Ларше Брух.
Соседни општини
Општината Лар на југ се граничи со општините Вилен и Вилзум, на исток е општината Емлиххајм, на север е холандската општина и градот Куворден и на запад е холандската општина и град Харденберг.
Општински единици
Општината Лар се состои од шест единици: Агтерхорн, Ехтелер, Ешебриге, Хестерканте, Лар и Форвалд.
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Грофовија Бентхајм (округ)