Хаџимуратова џамија (или Горна џамија) — стара османлиска џамија во градот Кичево. Му припаѓа на Ресенското муфтиство на ИВЗ.
Храмот се наоѓа во северниот дел на градот. Изграден е во 1612 година и првично бил етнокатен. Во 1896 година е обновен и зголемен од Ахмед Нијази-бег, кој доградил уште еден кат за молитви, а првиот станал училиште. Џамијата повторно е обовена во 1997 - 1998 година.
Според муслиманските преданија раскажани од ресенскиот оџа, Хаџимуратовата и Хаџирамадановата џамија (другиот муслимански храм во Ресен) се изградени од двајца браќа од Битола по име Хаџи Радаман и Хаџи Мустафа. Според христијанските преданија, обете џамии се изградени на местата некогашни цркви.
Поврзано Ресенско муфтиство
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Знаменитости во Ресен Категорија:Исламски споменици на културата во Македонија Категорија:Џамии во Ресен Категорија:Отомански џамии во Македонија Категорија:Џамии во Ресенското муфтиство Категорија:Појавено во 1612 година