Клуб Атлетико Индепендиенте е аргентински фудбалски клуб од Авељанеда, Голем Буенос Аирес. Клубот моментално се натпреварува во Примера Дивисион, највисокото ниво во земјата, и се смета за еден од клубовите од Големата петорка во аргентинскиот фудбал.

Индепендиенте е официјално основан на 1 јануари 1905 година, иако институцијата била формирана на 4 август 1904 година. По потекло од Монсерат, историска населба во Буенос Аирес, клубот се преселил во Авељанеда во 1907 година. Досега клубот има освоено 16 титули во Примера дивисион, (последната во Апертура 2002) и 9 национални купови.

Во меѓународните клупски фудбалски натпреварувања, Индепендиенте освоил вкупно 20 титули,Independiente campeón en Japón: logró su vigésimo título internacional, Clarín, 8 August 2018 18 од нив организирани од КОНМЕБОЛLas competiciones oficiales de la CONMEBOL on Conmebol website, 19 Ago 2015 и останатите од други асоцијации. Успесите на Индепендиенте вклучуваат рекордни седум титули во Копа Либертадорес, со што тие се единствениот клуб кој победил во четири финалиња по ред, помеѓу 1972 и 1975 година. Клубот го има освоено Копа Интерамерикана трипати, Суперкопа Судамерикана двапати, Рекопа Судамерикана еднаш, Интерконтиненталниот куп двапати (1973 и 1984), и Копа Судамерикана двапати, во 2010 и 2017. Суруга купот 2018 било нивното последно достигнување. Други меѓународни титули освоени од Индепендиенте вклучуваат две натпреварувања „Риоплатенсе“ Копа Алдао, организирани од аргентинската и уругвајската асоцијација заедно.

Клубот настапува во црвени дресови и оттаму доаѓа неговиот прекар Ел Рохо (што во превод значи црвените). Своите домашни натпревари ги игра на стадионот Либертадорес де Америка, кој има капацитет од 48,069 седечки места. Индепендиенте има долгогодишно ривалство со соседниот клуб Расинг со кои игра во Дербито на Авељанеда, познато и како Ел Класико де Авељанеда.

Историја Основање Индепендиенте е основан на 4 август 1904 година, кога група на вработени лица во продавница за чевли сместена во градот Буенос Аирес основале фудбалски клуб наречен ФК Маипу. Но, на претежно младите вработени им било дозволено само да ги гледаат натпреварите; не можеле да играат за тимот. Како резултат на тоа, на состанок во бар сместен пред клубот, тие избрале да формираат нов клуб. Името кое тие го избрале за да му го дадат на новиот клуб било Индепендиенте (во превод независен) за да се одбележи нивната независност од ФК Маипу.

Росендо Дегиорги бил назначен за привремен претседател. Семејството на Дегиорги понудила користење на мала соба во нивниот дом за да служи како прво седиште на клубот. Како официјален датум на основање бил назначен, недела 1 јануари 1905 година. Аристидес Лангоне бил избран за прв претседател на институцијата и било предложено од него да се усвои белата боја со сини детали како бои на клубот, инспирирана од клубот Сент Ендрјус, првиот фудбалски шампион на Аргентина победник во сезоната 1891.

Првиот натпревар во својата историја Индепендиенте го одиграл на 15 јануари 1905 година, против Атланта, на теренот „боеми“, и загубил со 1–0. Следниот натпревар бил одигран на 22 јануари 1905 против ФК Маипу Банфилд, тој завршил нерешено 0-0. Клубот го добил првиот натпревар во својата историја со убедлива победа од 11-0 против Албион на 7 мај 1905. Потоа, Индепендиенте се регистрирал во Аргентинската фудбалска асосцијација и му било дозволено да игра во втората и третата дивизија. Првото „Дерби на Авељанеда“ се одиграло на 9 јуни 1907 година; Индепендиенте го победил Расинг со 3–2.

Истата година, Индепендиенте се преселил од Буенос Аирес на својот нов терен за игра сместен во градот Авељанеда,на улицата Мануел Окантос.

На 10 мај 1908 година, клубот за првпат во својата историја играл во црвен дрес, во натпревар против Банфилд кој Индепендиенте го добил со 9–2. Усвојувањето на црвената боја е предмет на контроверзии; најпрепознатливата верзија е онаа со одлуката на претседателот Аристид Лангоне, кој се изненадил гледајќи го англискиот клуб Нотингем Форест како го победил со убедливи 6–0 Алумни, најсилниот аргентински клуб во таа ера, па решил да ги прифати боите на Форест.

Во 1909 година, Индепендиенте го освоил својот прв трофеј; Купот Булрих, домашен национален куп за второлигашки екипи. Голманот Хосе Бурука Лафорија бил една од првите "ѕвезди" на Индепендиенте.

Промоција во Примера Дивисион thumb|200px|Првиот стадион на клубот, "Крусесита", во 1922 Индепендиенте станал аргентински клуб од врвната дивизија во 1912 година, земајќи учество во ФАФ Примера Дивисион 1912. Бидејќи имало конфликт меѓу некои клубови, фудбалската лига била поделена на две лиги со своја посебна федерација (ААФ и ФАФ), а само неколку екипи останале во ФАФ, па федерацијата, меѓу другите клубови, го поканила и Индепендиенте.

Со политичарот и претседател на клубот Хуан Мигнабуру како главен тренер, тимот завршил на првото место изендачен со Портењо со 20 бодови. Гол-разликата не била во употреба и екипите морале да играат плејоф натпревар, пришто Портењо го освоил првенството како резултат на тоа што Индепендиенте го напуштил натпреварот во знак на протест поради поништен гол од судијата. Најдобар стрелец во лигата бил напаѓачот на Индепендиенте Енрике Кола, со 12 гола.

Во 1910-тите, Дербито на Авељанеда помеѓу Индепендиенте и Расинг бил најпопуларниот натпрвар во Аргентина, дури пред „Суперкласико“ дербито помеѓу Ривер Плејт и Бока Хуниорс.

Иако бил еден од најпопуларните клубови, Индепендиенте не освоил ниту една првенствена титула во таа деценија. Наместо тоа, тие освоиле трофеи во другите домашни натпреварувања; Куп на нацијата 1914 (доделена), Куп Џокеј клуб 1917 (победувајќи го Естудијантес Ла Плата, 2–1) и Куп во чест на општината на Буенос Аирес (победувајќи го Платенсе, 1–0).

Со освојувањето на куп титулите, Индепендиенте се квалификувал за првпат во риоплатенсе натпреварувањата (меѓународни турнири помеѓу аргентински и уругвајски клубови), и двете резултирале со пораз; во 1917 во Куп Тај (од Монтевидео Вондерерс, 0–4) и 1918 Куп во чест на Кузенје (од Пењарол, 0–4).

thumb|left|Тимот на Индепендиенте во 1922 година; годината во која клубот ја освоил својот прва титула во Примера Дивисион. Во почетокот на 1920-тите, Индепендиенте ја освоил својата прва лигашка титула, Примера Дивисион ААмФ 1922 додека фудбалот во Аргентина сè уште бил поделен во две одвоени лиги. Следната лигашка титула била во сезоната Примера Дивисион ААмФ 1922. Во двете првенства Мануел Сеоане завршил како најдобар стрелец, давајќи му на Индепендиенте многу моќ во нападот заедно со Луис Раваскино и идниот светски шампион со италијанската репрезентација, Раимундо Орси.

thumb|150px|Мануел Сеоане, најпопуларниот играч на Индепендиенте во 1920-тите години. Поради моќниот напад на Индепендиенте, медиумите му го дале прекарот „Дијаблос Рохос“ (Црвените ѓаволи), кој брзо станал популарен меѓу навивачите и оттогаш го идентификува овој клуб. Клубот, исто така, последователно ги освоил изданијата 1922, 1923 и 1924 година на Купот на копметенсија, победувајќи ги Клуб Алмагро, Спортиво Палермо и Ланус.

Во 1923 година „Рохос“ за прв пат се соочиле со европски клуб, со шкотскиот тим Терд Ланарк на турнеја во Аргентина. Аргентинците победиле со 2–1 со двата гола на Орси. Подоцна во 1928 година, црвените ја поразиле Барселона со 4–1, а една година подоцна на турнеја низ Аргентина, Индепендиенте бил домаќин на Челси во натпревар што завршил нерешено 1–1, а Сеоане бил стрелецот на голот за „Рохос“.

Во сезоната 1927, Раимундо Орси заминал и му се приклучил на Јувентус. Подоцна во 1928 година, клубот го изградил стадионот Добле Висера, првиот стадион во Латинска Америка направен целосно од цемент и втор во светот по Харвард. Порано фудбалските стадиони во Латинска Америка се состоеле само од трибини и седишта направени од дрвени штици.

1930-тите thumb|200px|Во 1938 година Индепендиенте ја освоил третата првенствена титула, заедно со Копа Алдао и Купот Адријан Ескобар. Во 1931 година била одиграна првата сезона на Аргентинската Примера Дивисион како целосно професионална лига. Во 30-тите години, Индепендиенте завршил како вицешампион во 1932, 1934, 1935 и 1937.

Мануел Сеоане ја завршил својата кариера во 1933 година, откако станал најдобар стрелец во аматерската ера на Аргентинската Примера Дивисион, со 241 гол на 264 натпревари.

Во следните години Висенте де ла Мата, Арсенио Ерико и Антонио Састре пристигнале во клубот. Арсенио Ерико, млад Парагваец, кој дошол во Аргентина за да избегне борба во Војната во Чако за својата земја, ќе се покаже како огромно засилување за Индепендиенте. Тој првично требало да биде еден од оние кои се бореле на парагвајската страна, но тој бил спасен од канџите на војната од командантот Молинас, кој го препознал неговиот фудбалски талент и го испратил во парагвајскиот фудбалски тим на Црвениот крст. Тимот бил формиран да собира средства за војниците на борбениот фронт со играње серија пријателски натпревари против други екипи од Јужна Америка. Настапите на Ерико го привлекле вниманието на некои од поголемите клубови, особено оние од Аргентина; за него биле заинтересирани Ривер Плејт, Бока Хуниорс и Индепендиенте. Иако Ривер го направиле првиот потег, Индепендиенте влегле во зделката во последен момент, нудејќи му на младото момче двојно повеќе пари. Ерико ја донирал таксата за трансферот на Парагвајскиот Црвен крст, што било повеќе од она што тие го направиле за целото нивно време играјќи натпревари за собирање средства. Потоа, тој станал најдобар стрелец на Аргентинската Примера Дивисион во три последователни сезони - 1937, 1938 и 1939 година - додека Антонио Састре се сметал за најдобар фудбалер во историјата на Аргентина во тоа време.

Тимот ја освоил Примера Дивисион 1938 и Примера Дивисион 1939 три домашни купови (еден Куп Адријан Ескобар во 1938 година и два Купа Ибаргурен во 1938 и 1939 година), и неговите први две меѓународни титули; Копа Рикардо Алдао во сезоните 1938 и 1939 година, победувајќи ги Пењарол (3–1 во Монтевидео) и Насионал Монтевидео (5–0 во Буенос Аирес) соодветно.

1940-тите и 1950-тите Индепендиенте постигнал неколку убедливи победи на почетокот на 1940-тите, вклучувајќи ја победата со 8-1 над Естудијантес Ла Плата, 7-1 над Бока Хуниорс и 7-0 над Расинг, кои до ден денес стојат како највисоките порази во историјата на тие клубови. Но во 1945 година, редот дошол и на Индепендиенте да го претрпи најтешкиот пораз; 0–8 од Велес Сарсфилд.

Иако во овој период имале смртоносна офанзива, Индепендиенте бил крунисан за шампион дури девет години подоцна, во Примера Дивисион 1948, со поранешниот голман на клубот Фернандо Бело како главен тренер.

Во 1946 година, голгетерот Ерико го напуштил клубот по 325 официјални натпревари и 295 гола, откако станал најдобар стрелец на сите времиња во Аргентинската Примера Дивисион и Индепендиенте. Састре заминал во 1942 година, додека Де ла Мата останал до 1950 година, освојувајќи го првенството во 1948 година.

Индепендиенте не освоил ниту еден трофеј во 1950-тите. Ова била единствената деценија во историјата на клубот во која тој не освоил ниту една титула. Најдобриот пласман бил остварен со освојувањето на второто место во 1954 година. Во 1953 година, „Рохос“ го победиле Реал Мадрид со 6-0 во пријателски натпревара во склпоп на европската турнеја, при што ѕвездата Алфредо Ди Стефано играл за шпанскиот тим. Турнејата вклучувала и победи против Валенсија (3–0), Атлетико Мадрид (5–3), Бенфика (2–1) и Спортинг Лисабон (8–1).

Во 1958 година, Индепендиенте ги инспирирал основачите на еквадорскиот клуб ФК Индепендиенте дел Вале да го усвојат името на аргентинскиот тим. Првично, споменатиот тим, исто така, ги имал истите бои и сличен амблем.

Помеѓу 1960-тите и 1980-тите: успесите на континенталната и светската сцена Индепендиенте освоил три титули во лигата во деценијата од 60-тите години; 1960, 1963 и 1967. Сепак, во времето на овој последен успех, Индепендиенте веќе ги правел првите чекори кон јужноамериканската слава.