мини|Кеопсовата пирамида во 2005 г. Изградена околу 2560 г. п.н.е., таа е најстара и најголема од трите пирамиди во Некрополата во Гиза

Кеопсова пирамида (Голема пирамида во Гиза или Пирамида на Куфу) — најстара и најголема од трите пирамиди во некрополата во Гиза, и е единственото до денес сочувано светско чудо од седумте чуда на античкиот свет. Се смета дека пирамидата била изградена како гробница за кралот на четвртата египетска династија, Куфу (на грчки Кеопс) и се градела во период од 20 години, сè до 2560 г. п.н.е. Кеопсовата пирамида била највисока градба во светот изградена од човек повеќе од 3800 г. На почетокот, Кеопсовата пирамида била покриена со камења кои формирале рамна надворешна површина, а денес може да се види основната внатрешна структура. Некои од надворешните камења кои некогаш ја обвивале градбата сè уште можат да се видат околу основата.

Постојат различни научни и алтернативни теории во врска со техниките на изградба на Кеопсовата пирамида. Најприфатливите теории се засноваат на идејата дека таа била изградена со вадење на големи камени блокови од каменолом и со влечење и подигнување до местото каде што се градела пирамидата.

Познати се три простории во Кеопсовата пирамида. Најниската го засекува темелот врз кој била изградена пирамидата, и не е довршена.John Romer, in his The Great Pyramid: Ancient Egypt Revisited notes "By themselves, of course, none of these modern labels define the ancient purposes of the architecture they describe." p. 8 Таканаречените Одаја на кралицата и Одаја на кралот се наоѓаат ниво повисоко во структурата на пирамидата. Кеопсовата пирамида е основниот дел од комплексот градби кој вклучува два меморијални храмови во чест на Кеопс (еден во близина на пирамидата и еден во близина на Нил), три помали пирамиди за сопругата на Кеопс, една уште помала „сателитска“ пирамида, пат кој ги поврзува двата храма, и мали мастаба-гробници на благородниците, кои ја обиколуваат пирамидата.

__TOC__

Изградба на пирамидата Се смета дека пирамидата била изградена како гробница за фараонот на четвртата египетска династија, Кеопс, и се градела во период од 14John Romer, basing his calculations on the known time scale for the Red pyramid, calculates 14 years — pp.74, schedule on pp 456-560. до 20 години, а била завршена околу 2560 г. п.н.е.a b Oakes & Gahlin (2002) p.66. Некои луѓе го сметаат Хемон, везирот на Кеопс, за архитект на Кеопсовата пирамида.Shaw (2003) p.89. Постојат претпоставки дека, кога била изградена, Кеопсовата пирамида била висока 280 египетски лакти, 146.6 метри, но поради ерозија, нејзината моментална висина изнесува 138.8 метри. Должината на секоја страна од основата на пирамидата изнесувала 440 лакти, а секој лакот има 0.524 метри.Dilke (1987) pp.9,23. Вкупната маса на пирамидата се проценува на 5.9 милиони тони. Се смета дека волуменот изнесува приближно 2.500.000 метри кубниLevy (2005) p.17.. Врз основа на овие проценки, градењето на пирамидата во период од 20 г. вклучувало поставување на приближно 800 тони камен секој ден. Првите прецизни мерења на пирамидата биле направени од египтологот Сер Флиндерс Петри во 1880-82 г. и биле објавени како Пирамидите и Храмовите на Гиза.http://www.ronaldbirdsall.com/gizeh/petrie/index.htm Речиси сите извештаи се засноваат врз неговите мерења.a b Petrie (1883). Камењата со кои била обложена пирамидата како и внатрешните блокови во просториите биле поставени со огромна прецизност.Dr. I.E.S. Edwards: "The Pyramids of Egypt" 1986/1947 p. 285 мини|Кеопсовата пирамида, 19век Пирамидата останала највисока градба во светот изградена од човек повеќе од 3800 години,Collins (2001) p.234. сè до изградбата на куполата на Линколнската катедрала висока 160 метри, во 1300 г. Прецизноста во изградбата на пирамидата се состои во тоа што четирите страни на основата имаат минимална грешка од само 58 мм во должина. Основата е хоризонтална и израмнета со математичка точност од 21 мм. Страните на основата се точно ориентирани кон четирите страни на светот. Според мерењата на Петри и подоцнежните студии, димензиите изнесувале 280 лакти во висина и 440 лакти во должина за сите 4 страни од основата на пирамидата. Овие пропорции се еднакви на π/2 со точност поголема од 0.05%, за што некои египтолози сметаат дека е резултат на однапред испланирани пропорцииLightbody (2008) p.24.. Вернер напишал: „Можеме да заклучиме дека, иако Старите Египќани не можеле точно да ја определат вредноста на π, тие сепак ја употребувале во практиката“Verner (2003) p.70.. Петри, авторот на „Пирамидите и храмовите во Гиза“, кој ги направил првите точни мерења на пирамидите во Гиза и ископувањата на пирамидата во Меидум заклучил: „но, ваквите соодноси на површините и вредноста на π се толку систематски, што би можеле да потврдиме дека биле пресметани во градежниот планот“ .Petrie Wisdom of the Egyptians 1940: 30 Претходно, во едно поглавје напишал: „Оттаму може да се заклучи дека приближната вредност на 7 наспрема 22 како пропорција на пречник и обем им била позната“ Petrie Wisdom of the Egyptians 1940: 27.

Материјали Кеопсовата пирамида се состои од повеќе од 2.3 милиони варовнички блокови. Египќаните ги пренесувале блоковите од каменоломи по должината на реката Нил. Каменот се отсекувал со помош на клинови. Потоа клиновите се натопувале со вода. На тој начин клиновите се проширувале со што доаѓало до пукање на карпата. По отсекувањето на карпите, тие се носеле со чамец до пирамидата.

Камен за обложување на пирамидата мини|Камен со кој била обложена пирамидата На крајот, Кеопсовата пирамида била обложена со бели камења, односно блокови од совршено исполиран бел варовник. Денес може да се виде само скалестата структура на јадрото од пирамидата. Во 1301 г. силниот земјотрес одронил голем дел од надворешниот слој камења, кои ги искористил Султан Бахри Ан-Нашир Нашир-ад-Дин ал-Хасан со цел да изгради џамии и тврдини во близината на Каиро. Камењата можат да се видат како дел од овие градби и ден денес. Подоцна, истражувачите пронашле масивни столбови од делкан камен во основата на пирамидата, останати и покрај континуираното одронување на камењата, кои подоцна биле расчистени со ископувањата на наоѓалиштето. Сепак, голем број од овие камења можат да се видат околу Кеопсовата пирамида и денес, покажувајќи ја истата умешност и прецизност со векови. Исто така, Петри открива дека постои разлика во ориентирањто при конструкцијата на основата и надворешноста која изнесува 193 ± 25 сантиметри.

Теории за градењето

Постојат различни алтернативни теории во врска со градежните техники"Building the Great Pyramid". Public BBC. 2006-02-03. http://www.bbc.co.uk/history/ancient/egyptians/great_pyramid_01.shtml. Најприфатливите теории се засноваат на идејата дека Пирамидата е изградена со вадење на огромни камења од каменолом, а потоа истите со влечење биле носени до местото каде се градела Пирамидата. Постојат несогласувања околу начинот на кој се пренесувале и поставувале камењата. Покрај многуте теории за техниките на градење, има несогласувања и околу работната сила која била користена при градењето. Една грчка теорија кажува дека робови биле прнудувани да работат се` до завршувањето на Пирамидата. Но, оваа теорија не се прифаќа во поново време. Според египтолози, Кеопсовата пирамида е изградена од десетици илјади вешти работници кои престојувале во близина на Пирамидата и работеле за плата или пак, на тој начин ги плаќале даноците, сè до завршувањето на градбата. Во 1990 г. беа откриени гробници на работниците од страна на археолозите Захи Хавас и Марк Ленер. Вернер претпоставува дека работната сила била хиерархиски организирана и се работело во две смени со по 100, 000 работници, поделени во пет помали групи од по 20, 000 работници, кои подоцна се делеле во зависност од способностите за работа.Verner (2001) pp.75-82. Една од мистериите за пирамидата е и планирањето на нејзината изградба. Џон Ромер мисли дека го користеле истиот метод кој се користел и за претходните како и за подоцнежните градби, со цртање на делови од планот на земја во размер 1:1. Тој пишува дека ваквиот нацрт-план исто така служел и за изведување на изградбата на пирамидата со прецизност која не може да се постигне на кој и да е друг начин. Тој во неговата книга посветува една глава на материјалните докази кои покажуваат дека постоел ваков план.Romer, John, The Great Pyramid: Ancient Egypt Revisited, p. 327, pp. 329-337

Внатрешност на пирамидата мини|Шема на внатрешната структура на Кеопсовата пирамида.Внатрешната линија го прикажува моменталниот изглед на пирамидата, а надворешната линија нејзиниот оригинален изглед Кеопсовата пирамида е единствена пирамида за која се знае дека има ходници нагоре и надолу. Познати се три простории во Пирамидата. Тие се централно распоредени, на вертикалната оска на Пирамидата. Од влезот надолу води еден ходник кој е долг 18 метри и се дели во две насоки. Едната води до најниската и недовршена просторија . Оваа просторија се засекува со темелот врз кој била изградена пирамидата. Таа е најголема од сите три, исклесана е во карпа, но не е довршена. Другиот ходник води до Големата Галерија (49 × 3 × 11 м), каде што се дели повторно. Еден тунел води до Одајата на кралицата, а вториот се вкрстува со ходникот кој води надолу. Едно мало претсобје води од Големата галерија до Одајата на кралот.

Одајата на кралот На крајот од многубројните влезни ходници кои водат кон внатрешноста се наоѓа главната просторија во Пирамидата, Одајата на кралот. Димензиите на оваа одаја биле 10 × 20 × 11.2 лакти, или приближно 5,25 × 10,5 × 6 м, со што таа зафаќа површина на два квадрата 10 × 10 лакти, и висина еднаква на половина од дијагоналата на овие квадрати. Некои научници сметаат дека тоа одговара на геометриските методи за определување на φ (пи), кое може да се добие и од други димензии на пирамидата Calter (2008) pp. 156-171, 548-551 Саркофагот за Одајата на кралот бил издлабен од едно парче црвен гранит, но се увидело дека тој е премногу голем за да се внесе низ ходникот кој води до таму. Не се знае дали некогаш саркофагот бил направен со цел во него да биде погребано нечие тело. Тој е прекраток за да собере човек со средна висина без виткање на колената, техника која не се практикувала во египетскиот погреб, и не е пронајден капак за него. Од Кралската одаја се издигнуваат два мали канала кон надворешноста на пирамидата. Порано се сметало дека овие канали користеле за вентилација, но оваа идеја била дефинитивно отфрлена, што довело до заклучок дека тие се користеле за церемонијални цели. Денес се смета дека тие биле направени за да се овозможи издигнување на духот од фараонот на небо.a b Oakes & Gahlin (2002) p.67. Кралската одаја е обложена со црвен гранит кој бил донесен од Асуан, 935 км јужно. Постојат 5 скриени одаи над Кралската одаја. До првата се пристигнува преку премин низ ѕидот од горниот крај на Големата галерија, и е наречена Одаја на Дејвидсон. Хавард Вис се сомневал дека постои и друга просторија над оваа, но со пробивање открил дека постојат уште четири. Тие биле наречени Одаите на Велингтон, Нелсон, Арбутнот и Кембел. Кралската одаја и првите четири скриени одаи имаат гранитни кровови. Секој од нив содржи 8 или 9 гранитни плочи кои поединечно тежат од 25 до 80 тони. Одајата на Кембел има кров направен од големи плочи од варовник.Lehner (1997)p. 44,51-53,108-115Scarre (1999) Египтолозите сметаат дека тие биле транспортирани со чамци по реката Нил.Romer (2007) pp.187-195

Одајата на кралицата