Петар Георгиев Дрвингов — бугарски офицер од македонска народност, полковник во бугарската армија и историчар роден во Кукуш, денес во егејскиот дел на Македонија.

Биографија Го завршил своето образование во Солунската бугарска машка гимназија „Св. Кирил и Методиј“ и потоа во Военото училиште во Софија. Учесник е во Горноџумајското востание на ВМОК во 1902 година и во Илинденското востание на ВМОРО во 1903 година. За време на Балканските војни бил начелник на штабот на Македонско-одринскиот доброволен корпус. Во Првата светска воjна е началник на Штабот на Единаесетта пешадиска македонска дивизија од 1915, од мај 1916 година е командир на Први пешадиски македонски полк, а од мај 1917 година e началник на Штабот на Моравската воено-инспекционна област. По воjните како историчар пишува претежно истражувања на воената историjа и националната психологиjа како тие за Македонско-одринскиот доброволен корпус, нападот на Одрин во 1913 година, Единаесетта пешадиска македонска дивизија и моралниот лик на бугарскиот воjник.

Ордени Орден „За храброст“ Орден „Св. Александар“ Орден „За заслуга“

Категорија:Бугарски офицери од Македонија Категорија:Македонски научници во Бугарија Категорија:Членови на БАН Категорија:Луѓе од Кукуш Категорија:Дописни членови на БАН Категорија:Македонски преселници во Софија Категорија:Носители на Железниот крст (1914) од II класа Категорија:Починати во Софија Категорија:Воени историчари Категорија:Родени во 1875 година Категорија:Починати во 1958 година Категорија:Македонски општественици Категорија:Носители на орденот „За заслуга“ (Бугарија)