Кјетил Јансруд (роден на 28 август 1985 ) е норвешки скијач и олимписки шампион. Тој се натпреварува во сите алпски дисциплини освен слалом, а најдобар е во велеслалом во кој има освоено сребрен медал на Олимписките игри. Од 2012 година, се сконцентрирал на брзинските трки во Светскиот куп. На Зимските олимписки игри 2014 во Сочи, победил во супервелеслалом, а во спуст завршил на трето место. На Светското првенство во 2019 година во Оре, Јансруд освоил злато во спуст.
Јансруд е роден во Ставангер, а потекнува од Винстра во Гудбрандсдален, на околу 40 км од Квитфјел.
Кариера На Зимските олимписки игри 2006 во Торино, Јансруд завршил десетти во комбинација. На велеслаломската трка го скршил палецот и за него сезоната во 2006 година била завршена. Во септември му била откриена дискус хернија и не се натпреварувал цела сезона (2007). Јансруд за прв пат застанал на подиумот во Светскиот куп во јануари 2009 година во Аделбоден, а на светското првенство во февруари завршил деветти во супер комбинација.
На Зимските олимписки игри во 2010 го освоил сребрениот медал во велеслалом.
Својата прва победа во Светскиот куп Јансруд ја остварил во март 2012 година на домашен терен во Квитфјел; во сите три брзински дисциплини во текот на викендот се искачувал на подиумот, а во неделата победил во супервелеслалом.
На првата трка на Светското првенство во 2013 година во Шладминг, Јансруд паднал во супервелеслалом и ги скинал лигаментите на левото колено, со што ја завршил сезоната во 2013 година.
На Зимските олимписки игри во 2014 година во Сочи, Јансруд освоил злато во супервелеслалом и бронза во спуст. На првите трки од Светскиот куп по игрите, победил на две брзински трки во Квитфјел.
Во сезоната 2015, Јансруд победил на седум трки од Светскиот куп и таа сезона го освоил првото место во Светскиот куп во супервелеслалом и во спуст. На Светското првенство во Бивер Крик освоил сребрен медал во комбинација.
Во 2017 Јансруд победил на пет трки од Светскиот куп и го освоил првото место во супервелеслалом, второто во спуст и бил втор во генерален пласман за таа сезона. Тој исто така освоил сребрен медал на Светското првенство во супервелеслалом.
На Зимските олимписки игри во 2018 година во Кореја го освоил сребрениот медал во спуст кога завршил 0,12 секунди зад сонародникот и тренинг партнер Аксел Лунд Свиндал, иако водел во поголемиот дел од трката. Освоил бронза во супервелеслалом, со што го освоил неговиот петти олимписки медал: еден златен, две сребрени и две бронзени.
На Светското првенство во 2019 година во Шведска, Јансруд освоил злато во спуст откако за две стотинки го победил Свиндал во неговата последна меѓународна трка.
Во интервју во ноември 2021 година, Јансруд изјавил дека следната сезона веројатно ќе биде негова последна сезона во професионалното скијање. Во февруари 2022 година изјавил дека трката во Кветфјил на 4 март 2022 година ќе биде неговата последна трка. Тој се повлекол по трката на истата патека на која за прв пат победил во Светскиот куп во 2012 година.
Резултати од Светскиот куп
Сезонски титули 4 титули: (1 спуст, 3 супервелеслалом ) Сезона Дисциплина 2015 Спуст Супервелеслалом 2017 Супервелеслалом 2018 Супервелеслалом
Пласман на сезоната СезонаВозрастГенерален пласманСлалом ВелеслаломСупервелеслаломСпустКомбинација200418140—53———200519985839———200620432146——15200721injured, out for season2008221115347———20092334—940——20102417—728471020112513414274632012268499419720132713—21810112014286—2924132015292—191118201630433202432017312—2412212018324434517220193313—35413142020348——59720213531——720—202236Injured in december, out for season
Победи на трки
23 победи – (8 спуст, 13 супервелеслалом, 1 паралелен велеслалом, 1 комбинација ) 55 подиуми – (19 Спуст, 26 СВС, 6 ВС, 2 ПВС, 2 АК ); 137 пати меѓу првите десет
Сезона Датум Место Дисциплина 2012 4 март 2012 Квитфјел, Норвешка Супервелеслалом 2014 28 февруари 2014 Спуст 2 март 2014 Супервелеслалом 2015 29 ноември 2014 Лејк Луиз, Канада Спуст 30 ноември 2014 Супервелеслалом 5 декември 2014 Бивер Крик, САД Спуст 20 декември 2014 Вал Гардена, Италија Супервелеслалом 24 јануари 2015 Кицбиел, Австрија Спуст 8 март 2015 Квитфјел, Норвешка Супервелеслалом 18 март 2015 Мерибел, Франција Спуст 2016 21 декември 2015 Алта Бадија, Италија Паралелен велеслалом 15 јануари 2016 Венген, Швајцарија Комбинирани 6 февруари 2016 Џеонгсеон, Јужна Кореја Спуст 13 март 2016 Квитфјел, Норвешка Супервелеслалом 2017 2 декември 2016 Вал д'Изер, Франција Супервелеслалом 3 декември 2016 Спуст 16 декември 2016 Вал Гардена, Италија Супервелеслалом 27 декември 2016 Санта Катерина, Италија Супервелеслалом 25 февруари 2017 Квитфјел, Норвешка Спуст 2018 26 ноември 2017 Лејк Луиз, Канада Супервелеслалом 11 март 2018 Квитфјел, Норвешка Супервелеслалом 2019 25 ноември 2018 Лејк Луиз, Канада Супервелеслалом 2020 24 јануари 2020 Кицбиел, Австрија Супервелеслалом
Резултати од Светското првенство Година Возраст Слалом Велеслалом Супервелеслалом Спуст Комбинација 2005 19 DNF1 - - - - 2007 21 повреден, не се натпреварувал 2009 23 DNF1 DNF1 DNF - 9 2011 25 DNF1 5 DNF - 10 2013 27 - - DNF - - 2015 29 - - 4 15 2 2017 31 - - 2 4 DNS2 2019 33 - - 22 1 - 2021 35 - - 12 8 DNS2
Олимписки резултати година Возраст Слалом Велеслалом Супервелеслалом СпустКомбинација 2006 20 - DNS2 - - 10 2010 24 17 2 12 31 9 2014 28 - DNF2 1 3 4 2018 32 - DNF1 3 2 7
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Живи луѓе Категорија:Освојувачи на златен медал на Олимписки игри за Норвешка Категорија:Освојувачи на сребрен медал на Олимписки игри за Норвешка Категорија:Олимписки бронзени медалисти за Норвешка Категорија:Освојувачи на медали на Зимските олимписки игри 2018 Категорија:Освојувачи на медали на Зимските олимписки игри 2014 Категорија:Освојувачи на медали на Зимските олимписки игри 2010 Категорија:Освојувачи на медали на Олимписки игри во алпско скијање Категорија:Алпски скијачи на Зимските олимписки игри 2022 Категорија:Алпски скијачи на Зимските олимписки игри 2018 Категорија:Алпски скијачи на Зимските олимписки игри 2014 Категорија:Алпски скијачи на Зимските олимписки игри 2010 Категорија:Алпски скијачи на Зимските олимписки игри 2006 Категорија:Норвешки алпски скијачи Категорија:Родени во 1985 година Категорија:Спортисти од Ставангер Категорија:Луѓе од Опланд