Цукарев мост () — камен мост во Населичко, Егејска Македонија.
Мостот ја преминува реката Праморица и се наоѓа на 2 км од центарот на селото Радовишта. Го поврзува Цотил со напуштеното село Рокастро. По него минува земјен пат која сè уште е во употреба. Месноста се нарекува Палиомонастиро (Стар Манастир) и веројатно таму имало тврдина бидејќи мостот е изграден од бедемски камења.
Изграден е со средства на Димитриос Цукарис од Радовишта кој имал занаетчиски дуќан во Цариград. Не е познато кога е направен, но првпат се споменува во 1890 година.
Мостот има пет лакови, од кои два мали лака се покриени со растителност. Првиот лак имал вградена плоча со времеследот на градбата, но таа се срушила во 1955 година и е заменета со бетонска плоча. Вториот лак е најголем, со ширина од 12 м и висина од 7 м. Целиот мост е долг 40 м, а широк 3 м.
Наводи
Категорија:Мостови во Егејска Македонија Категорија:Горуша (општина)