Западен Сулавеси () ― покраина во Индонезија. Се наоѓа на западната страна на островот Сулавеси. Зафаќа површина од 16.787,18 км2, а главен град е Мамуџу. Пописот во 2010 година забележал население од 1.158.651, додека тој во 2020 година забележал 1.419.228.

Покраината била основана во 2004 година, откако била одвоена од Јужен Сулавеси.

Географија Покраината е на островот Сулавеси (поранешен Селебес) и ги вклучува регенциите (кабупатен) Полевали Мандар, Мамаса, Маџене, Мамуџу, Централен Мамуџу и Пасангкају (порано наречен Северен Мамуџу), кои порано биле дел од Јужен Сулавеси. Површината на покраината е 16.787,18 км 2.

Економија Нејзината економија се состои главно од рударство, земјоделство и риболов. Нејзин главен град е Мамуџу.

Археолошки наоди На 11 декември 2019 година, екипа на истражувачи предводени од д-р Максим Оберт го најавиле откривањето на најстарите ловечки сцени во праисториската уметност во светот, стари повеќе од 44.000 години од варовничката пештера на Леанг Булу Сипонг 4. Археолозите ја утврдиле староста на прикажувањето на лов на свиња и бивол благодарение на калцитните „пуканки“, различни нивоа на изотоп на радиоактивен ураниум и ториум.

Административни единици мини|Канцеларијата на гувернерот на Западен Сулавеси. Покраината Западен Сулавеси е поделена на шест регенции:2010 Indonesian Census Полевали Мандар, Мамуџу, Пасангкају, Мамаса, Маџене и Средиштен Мамуџу Шестата регенција - Средиштен Мамуџу (Kabupaten Mamuju Tengah) - била отсечена од постојната регенција Мамуџу на 14 декември 2012 година.

Демографија Нејзиното население на пописот во 2010 година изнесувало 1.158.651, зголемувајќи се со 2,67% годишно. Од тие 171.356 се класифицирани како под прагот на сиромаштија на Индонезија.

Религија +Религија по регенција во покраината Западен Сулавеси (2016) Регенција/Град ислам протестантство католицизам хиндуизам будизам Конфуцијанство Народни вери Маџене 99,75% 0,10% 0,10% 0,02% 0,03% 0,00% 0,00% Мамаса 20,29% 70,80% 4,35% 2,92% 0,01% 0,01% 1,62% Мамуџу 81,61% 16,61% 0,87% 0,88% 0,02% 0,01% 0,00% Средиштен Мамуџу 80,24% 12,90% 2,18% 4,57% 0,10% 0,01% 0,01% Пасангкају 86,98% 6,99% 1,83% 4,19% 0,01% 0,01% 0,00% Полевали Мандар 96,00% 2,77% 1,00% 0,19% 0,04% 0,00% 0,00% Западен Сулавеси 82,22% 14,82% 1,47% 1,25% 0,04% 0,01% 0,19%

Поврзано Полевали-Мамаса

Наводи

Категорија:Држави и територии настанати во 2004 година Категорија:Покраини во Индонезија Категорија:Координати на Википодатоците