Дуски мост () — стар камен мост во Гребенско, Егејска Македонија.
Мостот ја преминува Дуска Река, лева притока на Венетик, на венецот Пинд. Сместен е на надморска висина од 1.600 м во гребенското село Дуско, на 25 км северозападно од градот Гребен. Ги поврзува двете селски маала, кои се раздвоени од реката. Има еден лак со должина од 24 м, ширина од 2,4 м и висина од 4 м. Изграден е во 1870-тите години од Јоргос Јулас Митаков од с. Лунци и неговата тајфа.
Во 1985 г. е прогласен за заштитен историски споменик како значаен пример за османлиската архитектура. Во 1990 г. е прогласен и за споменик на културата.
Наводи
Категорија:Мостови во Егејска Македонија Категорија:Споменици на културата во Гребен (општина) Категорија:Појавено во 1870-тите