Ватиски мост () — стар камен мост кај селото Мирали, Населичко, Егејска Македонија.
Мостот ја преминува малата река Ватија, притока на Праморица. Се наоѓа на еден километар од населичкото село Мирали, по патот за Бурша. Изграден е во јули 1795 г. според натписот кој е преместен на новиот мост изграден до него. Има еден лак, а порано имал камен парапет, од кој денес се зачувани само остатоци.
Наводи
Категорија:Мостови во Егејска Македонија Категорија:Горуша (општина) Категорија:Појавено во 1795 година