мини|Зградата во која е сместен Бугарскиот конзулат Генерален конзулат на Бугарија во Битола — дипломатско претставништво на Бугарија во Битола, денес сместено во зграда на булеварот „1 Мај“ бр. 53.

Историја Конзулатот бил отворен во 1897 година, кога градот бил во Отоманското Царство, со ранг на трговска агенција. Конзулатот се наоѓал во еклектична зграда со неокласични влијанија, денес на улицата „Јорго Османо“ бр. 20. Првиот трговски агент бил Никола Стојчев (1897 - 1899).

По прогласувањето на независноста на Бугарија во 1908 година добива статус на конзулат. Бил затворен по објавувањето на Балканската војна на 5 октомври 1912 година

Неговата архива се чува во фондот 331K во Централниот државен архив во Софија. Се состои од 381 архивска целина од периодот 1897 - 1912 година.

На 27 декември 2006 година, Бугарскиот конзулат повторно бил отворен во Битола, сега во Република Македонија.

Раководители Име Години Позиција Никола Стојчев 30 март 1897 трговски агент Петар Михаилов 24 септември 1898 трговски агент Георги Кожухаров 16 август 1903 управител Андреј Тошев 31 октомври 1903 трговски агент Никола Семенов 1905 управител Живко Добрев 22 септември 1905 управител Живко Добрев 14 ноември 1905 трговски агент Тодор Недков 4 јануари 1908 трговски агент Тодор Недков 18 јануари 1910 конзул Милан Попов 7 октомври 1913 конзул Александар Козаров од 1914 конзул в-к Воля, бр. 492, 17 септември 1914, с. 2 Наум Кајчев 2007 - 2010 генерален конзул Илијан Караманов 2010 - 2011 времен управител Данчо Мичев 2011 - 2013 времен управител Теодор Русинов 2013 - 2018 генерален конзул Димитар Иванов 2018 - генерален конзул

Дипломатски претставници во Битола

Наводи

Категорија:Македонско-бугарски односи Категорија:Конзулати во Битола Категорија:Историја на Битола Категорија:Појавено во Македонија во 2006 година