Праморички мост () — стар камен мост во Населичко, Егејска Македонија.
Описание Мостот ја преминува реката Праморица, десна притока на Бистрица. Се наоѓа меѓу населичките села Цакнохор и Сокол, водејќи кон гребенското село Дурвуништа и лежи на самата граница меѓу општините Горуша и Гребен. Дел е од патот Гребен - Цотил, кој служел за како минувалиште за овчарите од Населица кои оделе на зимски пасишта во Тесалија. Мостот има насоченост север - југ и има четири отвори, од кои главниот е широк 15 м и висок 9 м. Целиот мост е долг 49 м, што го прави најдолгиот камен мост во Егејска Македонија. Според усното предание, изграден е некаде од 1870 до 1880 г. со средства на овчар кој си ја загубил ќерката во речните брзаци. Други извори велат дека е изграден пред 1770 - 1780 г.
Во 1995 г. мостот е прогласен за споменик на културата.
Наводи
Категорија:Мостови во Егејска Македонија Категорија:Споменици на културата во Горуша (општина) Категорија:Споменици на културата во Гребен (општина)