мини|213x213пкс| Еден од симболите на ромскиот феминизам Ромскиот феминизам е феминистичко движење кое ја промовира родовата еднаквост, борбата против социјалните нееднаквости и одбраната на интеграцијата на жените во различни движења во општеството, правејќи ги овие процеси компатибилни со зачувувањето на културата и вредностите на ромскиот народ.
Низ историјата, ромската етничка група била презирана и прогонувана од различни општества поради нивните особености. Сепак, таа е една од најголемите малцинства во светот. Многу групи сè уште зачувуваат карактеристична култура, со свој јазик, традиции или обичаи, каде семејството и солидарноста меѓу нејзините членови е од најголемо значење.
Ромскиот феминизам се одликува со борбата за надминување на предрасудите и дистинкцијата и кон ромското општество и кон жените, покрај голема стигма поврзана со сиромаштијата.
Во Шпанија мини|250x250пкс| Отворање на I конгрес на ромски феминизам во 2017 г. Почетокот на ромското феминистичко движење во Шпанија, започнало во 1990 година, кога се појавила првата ромска феминистичка женска асоцијација во Гранада, „Здружение на цигански жени РОМИ“. Оттогаш, многу други колективи биле создадени низ целата земја.
Еден од најголемите предизвици за ромската заедница е да ја задржи ромската традиција и идентитет со почитување на одлуката и слободата на жената. Ова феминистичко движење бара еднаквост со тоа што го бара правото да се биде различен.
Меѓу аспектите кои најмногу ги брани оваа група се пристапот до домување, образование и видливоста на жените. Иако има и многу други, како што е нормализацијата на сексуалната различност.
Наводи
Категорија:Феминизам